Лесна и брза подготовка. Овие „пирошки“ или питулици, како сакате наречете ги, одлични се за појадок, вечера или закуска. Многу се вкусни топли, но и кога ќе се оладат. Сочни се дури и следниот ден. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г тенки кори за пита, 250 г полномасно сирење, 2 јајца, малку масло за смесата (по потреба) и уште околу 100 мл масло за пржење.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете ги јајцата заедно со сирењето додека да добиете пенаста, компактна смеса. Ако не е доволно компактна и спремна за премачкување на корите, во тој случај додајте малку масло.
Корите за пита отворете ги на работна површина и пресечете ги по должина на половина, така да добиете долги праволаголници.
Се филуваат така што се премачкуваат со филот преку целата површина, 2 см до работ се остава празен за да може да се свитка, без да истекува филот.
Свиткајте ги надолжно краевите за да не тече филот, па свиткајте во ролат. Осигурајте се дека добро сте ја свиткале „пирошката“, а во меѓувреме налејте масло во нелеплива тава и оставете да се загрее на умерена температура.
Пржете ги пирошките/питулиците од двете страни по неколку минути додека убаво да заруменат.
Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка за да го впива вишокот маснотија. Послужете ги со јогурт или кисело млеко. Има уште еден начин на печење:
Ако не сакате вашите питулици да ги пржите во масло, тогаш постапете на следниот начин: со фил премачкјате ја целата кора, па свиткајте ја во штрудличка (како што е погоре опишано).
Потоа ролатчето свиткајте го во круг, како полжав. На овој начин ќе добиете мала питичка. Вака приготвените печива редете ги во намастен плех. Одозгора премачкјате ги со остатокот од филот.
Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени додека да добијат убава златна боја. И на овој начин се вкусни, но моите домашни повеќе ги сакаат пржени во масло. / Јафи / Сооlinarika.сom