Подгответе го омилениот појадок без пржење во длабоко масло, а за чија подготовка ќе потрошите помалку од 5 минути. Само изматете ги сите состојки во еден сад и тестото е спремно.
Ќе ви откриеме две верзии: според првиот рецепт мекиците (уштипците) се печат во рерна, а според вториот се пржат во тавче но на сосем малку масло и воопшто не впиваат, остануваат немасни. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1: 4 јајца, 225 г брашно, 300 мл млеко, 1 лажичка сол, путер (маст или масло)
РЕЦЕПТ 2: 4 јајца, 20 лажици брашно, 1 чаша јогурт (180 г), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), сол и шеќер на врв од лажичка
ПОСТАПКА за рецепт 1: намастете ги калапите за мафини, секоја вдлабнатина со по половина лажичка путер. Калапот ставете го во рерна да се загрева на 250 степени околу 2-10 минути. Потребно е добро да се загрее пред да се излее во него тестото.
Изматете ги јајцата со малку сол, па додајте го млекото и изедначете. Потоа додајте го брашното и продолжете со матење (со жица-маталка или во блендер) додека да добиете мазна смеса без грутчиња, слична на смесата за палачинки.
Извадете го внимателно врелиот калап за мафилни, па пополнете ги празнините 2/3 третини, бидејќи во текот на печењето ќе пораснат. Вратете го во топлата рерна и продолжете со печење на 220 степени околу 15-20 минути.
Не ја отворајте рерната за време на печењето затоа што ќе спласнат! После 15 минути кратко подотворете ја вратата од рерната за да ги проверите мафините, па доколку е потребно продолжете со печењето, уште 3-5 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.
ПОСТАПКА за рецепт 2: Изматете 4 јајца, додајте шеќер и сол на врв од лажичка, јогурт, прашок за печиво и 20 лажици брашно. Замесете ја смесата, па вадете со лажичка и пржете на врело масло. Штом нараснат, веднаш превртете ги, многу брзо се пржат. Рецеп на Веца / Сооlinarika.соm
Брзи уштипци од рерна, без квасец и прашок за печиво – поубаво нешто не сте јаделе