Кога ќе ви се зажели душата за домашно лепче, а од свежиот квасец имате желудечни проблеми, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас. Овие лепчиња се приготвуваат без квасец, брзи се, бидејќи за нив нема потреба од чекање за да стасува и да се премесува тестото.
Лепчињата се приготвуваат за 5-10 минути. Потребни состојки: 100 мл вода, 100 мл млеко, 50 мл маслиново масло, 1 лажица шеќер (20 г), ½ лажичка сол (7 г), 10 г прашок за печиво (една кесичка) и 310 г брашно
Постапка: Во еден подлабок сад ставете 100 мл вода, 100 мл млеко, 50 мл маслиново масло, 20 г шеќер, 7 г сол, 10 г прашок за печиво и добро промашјте со лажица за да се соединат состојките. Во овој рецепт нема миксање, сите состојки се мешаат само со лажица.
Во смесата постепено додадете 310 г брашно и повторно промешајте со лажицата. Се меша кратко време додека да се соединат состојките. Ако сте оние што “не умеат” многу со тестото, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Кога ќе го додадете целото брашно, ќе добиете топче од тесто кое малку е лепливо за лажицата.
Поклопете го садот и оставете го тестото да одмори 10 минути. После 10 минути тестото веќе нема да се лепи и полесно ќе се обработува со рака. Истресете го на работна површина, малку наросете го со брашно одозгора и лесно со рацете формирајте ваљак за полесно да го поделите на 5-6 еднакви делови.
Бидејќи тестото не е кисело и не содржи квасец, доколку се помали лепчињата, подобро ќе се испече средината. Од секој дел формирајте топчиња, а потоа секое топче развлечете го во дланка, формирајте овална кора, па неколку пати превиткајте ја како ролна, заострете ги краевите, така што средината ќе остане како “мев” (погледнете видео).
Вака приготвените лепчиња наредете ги во плех обложен со хартија за печење со растојание помеѓу нив. Со остар нож (или жилет) засечете ги малку на “мевот” на средина. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 20-25 минути. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.