Овој рецепт одлично ќе ви се најде кога набрзина ќе сакате да приготвите нешто вкусно за појадок. Крофничките се храна кој секој ги сака, па затоа нема да згрешите ако им ги приготвите на своите најмили.
Потребни состојки:
4 јајца
1 кисела павлака
16 лажици брашно
Прстофат сол
1 прашок за печиво
Начин на приготвување:
1.Во еден подлабок сад ставете го брашното, додадете го печивото, малку сол и сето убаво измешајте го.
2.Во брашното додадете ја павлаката и добро измешајте со виљушката.
3.Во тавата за пржење налејте масло околу 1 см висина. Добро загрејте па намалете на умерена температура.
4.Со лажица вадете ги крофничките па пржете ги од двете страни додека убаво да поруменат.
5.Служете со старо сирење, со чај или бело кафе.