Фотографија и рецепт на Верче Костоска
Овој рецепт за превкусните крофни ни го претстави нашата драга Верче Костоска во групата НМД рецепти. Се приготвуваат брзо и едноставно. Потребни состојки: 2 сув квасец, 3 лажици шеќер, 12 лажици масло, 3 јајца, 500 мл млеко, 2 ванилин шеќер и брашно по потреба
Постапка: Млекото се загрева да биде млако, па во него се додаваат останатите состојки и брашно по потреба. Се замесува мазно, средно меко тесто.
Од добиеното тесто се развлекува кора од која со помош на чаша се вадат крофни (чашата за полесно сечење можете да ја набрашните).
Крофните се пржат во умерено загреано масло и се ставаат врз хартиена салветка за да се впие вишокот масло. Потоа можете да ги наросите со шеќер во прав или да ги полиете со топено чоколадо. Меки, вкусни и брзи, не треба да киснат.
Фотографија и рецепт на Верче Костоска