Толку брзо и едноставно се приготвуваат, а ќе ве освојат после првиот залак!
Потребни состојки за кора:
4 јајца
100 г шеќер
200 г путер/маргарин
50 г чоколадо за готвење
2 лажици брашно
1 прашок за печиво
За крем:
500 мл слатка павлака
250 г чоколадо за готвење
1 лажица нугат крем (нутела или некој друг црн крем).
Постапка:
За кора: На пареа растопете ги путерот и чоколадото со постојано мешање. Белките изматете ги во цврст снег. Исто така и жолчките изматете ги со миксер заедно со шеќерот, па додадете им брашно и прашок за печиво. Мешајте додека да се соединат.
Потоа, на смесата додадете растопени чоколадо и мешајте смесата да се изедначи. На крај додадете го снегот од белки и со помош на лажица, нежно и полека мешајте додека состојките да се соединат. Добиената смеса излејте ја во плех обложен со хартија за печење, па печете во рерна загреана на 180 степени околу 20-тина минути.
Крем: Слатката павлака ставете ја на оган да се загрее, па тргнете од оган и со мешање додадете нугат крем и искршено чоколадо додека да се растопат.
Приготвениот фил прелијте го преку млаката кора. Оставете добро да излади пред послужување.