Иако сите ги сакаме кнедлите, варењето на компир, приготвувањето и мешањето на тестото за многумина претставува комплицирана работа која одзема време. Затоа, ова е брз рецепт за кој не се потребни компир и јајца, со кој многу се скратува времето за приготвување.

Потребни состојки за 4 лица:

  • 2 шолји вода
  • 2 шолји брашно
  • Свежи сливи или џем по желба
  • Сол по желба
  • 2-3 лажици маслиново масло

ПОСТАПКА:

  1. Ставете на оган вода со малку сол, нека зоврие па додадете масло и брашно.
  2. Мешајте додека брашното и водата да се соединат без грутки.
  3. На работната, набрашнета површина ставете ја добиената смеса од лонецот.
  4. Оставете малку да излади (за да можете да го месите), па добро измесете со раце додека да добиете мазно тесто.
  5. Правете топчиња и во секое ставете слива или лажичка џем, па добро обликувајте.
  6. Добиените кнедли варете ги во зовриена вода со малку сол, додека да испливаат на површина.
  7. Послужете ги прелиени со презла пропржена малку во путер, или по желба наросете ги со шеќер во прав или цимет.