Брзи кифлички за појадок, се прават во слатка и во солена варијанта…Одлични, проверен рецепт! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 600 г брашно, 20 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 150 г путер, 150 мл млеко, 150 мл густ јогурт или кисело млеко и 1 јајце.
За фил: чоколадо или нутела + 1 јајце за премачкување – за слатка варијанта. Сирење, кашкавал, шунка… + 1 јајце за премачкување – за солена варијанта
Постапка: Разматете го квасецот во половина шолја топло млеко со лажичка шеќер и брашно. Оставете некое време на топло да се активира квасецот.
Измешајте го брашното, солта, активираниот квасец, додајте растопен путер на собна температура (исечкан на коцки), едно јајце, јогурт (или кисело млеко) и преостанатото слатко млеко.
Ако е потребно додајте уште малку брашно, замесете средно меко тесто и оставете да одмора околу половина час.
Тестото потоа развлечете го во правоаголник и исечете на поголеми правоаголници со должина од 6-7 см. На средината од тестото ставете малку сечкано чоколадо или лажица нутела, за слатка варијанта, или сирење за солена варијанта.
Правоаголничињата виткајте ги како ролатчиња (ако сакате можете одозгора површински да ги засечете со коси линии), премачкајте ги со јајце и наросете со сусам или нарендајте малку кашкавал одозгора.
Оставете околу 10-15 минути да одморат додека се загрева рерната, па печете на 200 степени околу 20-25 минути.
Слатките кифлички наросете ги со шеќер во прав и послужете ги со кафе или чај, а солените со јогурт или кисело млеко за појадок или вечера. На здравје!