Фото и рецепт: Рада Врбљанац
Тестото се замесува со јогурт, јајца и прашок за печиво, па веднаш се развлекува во кора и со чаша се вадат погачиците. Може да се филуваат со сладок крем или со солен фил за појадок или вечера.
Потребни состојки:
200 мл јогурт на собна температура
2 јајца
1 лажичка сол
400 г брашно
1 прашок за печиво
Постапка:
Замесете тесто од 200 мл јогурт, 2 јајца, 1 кафено лажиче сол, 400 г брашно и една кесичка прашок за печиво.
Кога ќе се замеси тестото, не се чека да стасува, туку веднаш ставете го на набрашнета работна површина и со оклагија развлечете кора со дебелина од околу половина центиметар.
Со чаша вадете ги погачиците. Загрејте масло во пошироко тенџере или тава, па има доста масло, па веднаш во врелото масло спуштајте ги погачиците да се пржат.
Може да ги поклопите со капак пред да ги завртите, за повеќе да набубрат и пораснат. Тргнете го капакот, превртете ги погачиците, па кога ќе заруменат од двете страни вадете ги во чинија со хартиена салветка за да се впие вишокот масло.
Можете да ги филувате со сладок фил или со солен, како што јас направив.
За фил:
200 г крем сирење
3 чешниња лук ситно сечкани
1 лажица ситно сечкан магдонос
1 лажица мајонез
Сите состојки убаво измешајте ги додека да се изедначи смесата.
Фото и рецепт: Рада Врбљанац