Потребни состојки:

500 г кори за пита

3 јајца

300 г сирење

10 лажици зовриена вода

15 лажици масло

1 прашок за печиво

Малку сол

И уште 500 мл млака вода или помалку, колку плехот да се прекрие.

Постапка:

Пригответе го филот од јајца, врела вода, масло, сирење, прашок за печиво и сол по потреба.

Со филот филувајте по две кори, виткајте ги како ролат, а потоа како полжав.

Приготвените питулици оставете ги да отстојат половина час во тепсијата во која сте полиле 500 мл млака вода.

Пред печење питулиците премачкајте ги со преостанатиот фил и печете на 220 степени додека да добијат златно жолта боја. Се служат топли. Питулиците се меки и убави и следниот ден.

coolinarka.com