Брзи и вкусни бурек-банички со сирење
Подгответе вкусни бурек-банички на едноставен и брз начин, совршени за појадок, ужина или лесна вечера.
Овој рецепт комбинира готови кори за пита со кремаста смеса и богат фил од сирење, создавајќи крцкави и сочни банички што ќе ги воодушеват сите, пишува НМД.
Со минимален напор, за кратко време ќе имате домашна пекарска магија на вашата трпеза! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 3 јајца
– 200 мл јогурт
– 100 мл масло
– 5 супени лажици брашно
– 1 прстофат сол
– 10 г прашок за печиво
– 500 г готови кори за пита
– 500 г ситно сирење (или фил по желба)
– Сусам (по желба, за посипување)
– НМД
Постапка:
1. Во длабок сад изматете ги јајцата со миксер. Додека непрекинато матите, постепено додајте го јогуртот и маслото додека да добиете хомогена смеса.
2. Во течната смеса додајте го брашното, солта и прашокот за печиво. Мешајте со жица за матење за да добиете мазна смеса без грутчиња. Конзистенцијата треба да биде малку погуста од смесата за палачинки.
3. Земете една кора за пита и премачкајте ја рамномерно со една кутлача од подготвената смеса, преку целата површина.
4. На едниот крај од кората, по должина, распоредете дел од ситното сирење (или фил по желба). Превиткајте ја кората во ролна, а потоа преклопете ја ролната трипати за да формирате баничка.

5. Повторете ја постапката со преостанатите кори и фил, додека да добиете околу 10 банички.

6. Наредете ги баничките во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги одозгора со остатокот од смесата и, по желба, посипете ги со сусам.
7. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C, 15–20 минути, додека баничките да добијат златнокафеава боја и крцкава кора.
8. Послужете ги топли, со јогурт или салата по ваш избор. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:











