Направете убаво и декоративно новогодишно предјадење со кое ќе ја разубавите свечената трпеза. Како прв рецепт ви ги предлагаме „печурките“ кои се приготвуваат само од јајца, компир и кашкавал.

Од евтини состојки добивате многу декоративно предјадење, а толку вкусно, што не можете да престанете да го јадете. Во продолжение прочитајте ги и останатите рецепти кои веруваме дека ќе ве воодушеват. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 (печурки) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 варени јајца (само белките), 1 компир, 100 г кашкавал, 50 г фета сирење, 1-2 лажици мајонез, црн сусам и маринирани печурки (само капите), 2-3 чешниња лук по желба.

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (сусам салата) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г сусам, 250 г сечкана/рендана шунка (или по избор), 200 г рендан кашкавал по избор, 1 чаша кисела павлака од 400 г

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 (зајчиња) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 варени јајца, 100 г шунка (може и сувемесното по ваш избор), 50 г кашкавал, 1-2 супени лажици мајонез, 1 китка магдонос, крекери. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 50 г кашкавал, 1 црвена пиперка, 1-2 маслинки

рецепт 3

РЕЦЕПТ 4 (солени топчиња-лампиони) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г пилешко бело месо, 150 г тврд кашкавал кој лесно може ситно да се ренда (по ваш вкус), 2 чешниња лук, сол, 1/2 китка свежа мирудија/копар или магдонос (по вкус), 120 г мајонез, 1 супена лажица масло. За декорација: 100 г мелени кикирики, перца од магдонос и црни маслинки

рецепт 4




ПОСТАПКА за рецепт 1: јајцата тврдо сварете ги, па одвојте ги белките од жолчките. Во подлабок сад изрендајте 2-3 чешниња лук, но ако не сакате, прескокнете го лукот. Изрендајте ги белките, а потоа компирот, сирењето и кашкавалот.




Рендајте на ситната страна од рендето за да можат сосетојките полесно да се соединат. Додајте една или две лажици мајонез колку што е потребно за да се соединат состојките во комапкатна смеса која лесно се обликува.




Обликувајте форми со облик на стебленца од печурки, а основата валајте ја во црн сусам. Редете ги во широка чинија за послужување, па одозгора наредете ги „капите“ од маринирани печурки и помеѓу наредете свежи зелени листови од магдонос или целер. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Постапката за сусам салата:




ПОСТАПКА за рецепт 2: сусамот пропжете го во сува тава колку да замириса, па оставете го да се олади. Останатите состојки ситно изрендајте ги, па помешајте ги во подлабок сад заедно со оладениот сусам и киселата павлака. Оладете ја добро пред сервирање. Еве како да направите декоративни зајчиња:




ПОСТАПКА за рецепт 3: сите состојки изрендајте ги ситно, па помешајте ги со мајонезот. Од добиената смеса обликувајте топчиња и редете ги врз солени крекери. Од кашкавалот со помош на нож обликувајте ги ушите, па ставете ги на врвот од топките. Од маслинките направете очи, а од пиперките нос, па и нив залепете ги на топките. А, еве како да направите лампиони од вкусна салата:




ПОСТАПКА за рецепт 4: Пилешкото месо маринирајте го па испржете го или испечете го, или пак, може и да го сварите. Кога ќе се олади ситно исечкјате го или сомелете го. Кикириките исто така сомелете ги, а кашкавалот ситно изрендајте го. Додајте ситно сечкана мирудија и сите состојки промешајте ги во длабока чинија.




Додајте мајонез помешан со рендано лукче по желба, па соединете сè во комапктна смеса. црпете со лажица и обликувајте топки со големина по ваша желба, валајте ги во мелени кикирики и редете ги во широка чинија за послужување. Маслинките пресечете ги на половина, а со врвот на ножот направете две дупчиња низ кои ќе протнете зелено перце од кромид. Поставете врз секој „лампиот“ како капа.