Бајадерите се омилените слатки кои се прават со децении и сите уживаат во нив. Особено се јадат за божиќните празници и се прават и за Нова година. Подготовката е многу едноставна, единствено што треба да направите е да ја подготвите смесата за колачињата и да ја излеете на два наврати во еден калап.




Одозгора бајадерите се преливаат со чоколадната глазура и се ставаат во фрижидер да се стегнат. Потоа се сечат на правоаголници и се послужуваат со шолја кафе. Ги обожаваат сите возрасни групи, од најмлади до најстари, овој рецепт е врв. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бисквити, 150 г кикирики, 100 г шеќер, 100 мл вода, 125 г путер, 100 г темно чоколадо. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г темно чоколадо, 2 лажици масло. Во продолжение прочитајте ја постапката:




ПОСТАПКА: Во блендер сомелете ги бисквитите додека бисквитите да се изронат и да не останат големи парчиња. Ставете ги бисвквитите во подлабок сад, па измелете ги кикириките на најситни парчиња, како бисквитите. Соединете ги двете суви состојки со шпатула. По желба ставете и други јаткасти плодови, како измелени бадеми, ореви, индиски ореви…




Во едно тенџере додајте го шеќерот, додајте ја водата и растопениот путер. Соединете ги состојките на рингла, додека путерот и шеќерот да се растопат, па додајте ја во смесата со суви состојки.

Инкорпорирајте ги состојките додека да се направи густа смеса, која има конзистентност како влажен песок. Кога ќе ја соедините смесата, поделете ја на два еднакви делови. Едниот дел тргнете го настрана и зачувајте го за подоцна, но не го ставајте во фрижидер.




Во втората смеса, ставете 100 г растопено чоколадо и соединете додека смесата да стане кафеава. Во калап со димензии 21х15 см, обложете хартија за печење и излејте ја чоколадната смеса. Со помош на задниот дел на една чаша, израмнете ја смесата за да се израмни подеднакво.




Одозгора прелијте ја белата смеса и на истиот начин распоредете ја како чоколадната смеса. Ставете го калапот во фрижидер, малку да се стегнат смесите, а во меѓувреме подгответе ја глазурата. ЗА ГЛАЗУРАТА: Растопете го чоколадото со малку масло на пареа и излејте го преку белата смеса и израмнете.




Ставете ја бајадерата да се стегне во фрижидер, околу 2-3 часа пред послужување. Исечете ја бајадерата на правоаголници и послужете ја со шолја кафе. Сите ќе ви побараат рецепт за оваа бајадера. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.