Home закуска Брзи јогуртни уштипци со тиквички…Меки, шупливи, многу вкусни…За појадок, ручек или вечера…

Брзи јогуртни уштипци со тиквички…Меки, шупливи, многу вкусни…За појадок, ручек или вечера…

Брзи јогуртни уштипци со тиквички…Меки, шупливи, многу вкусни…За појадок, ручек или вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка 500 г
250 мл течен јогурт
3 јајца
1 лажичка сол, 0.5 лажичка црн пипер
1 лажица бел оцет 9%
1 кесичка прашок за печиво
150-200 г ситно сирење
500 г брашно +-

За прелив (сите состојки помешајте ги):
1 китка магдонос, ситно сечкана
неколку чешниња лук, рендани
сок од 1 лимон

ПОСТАПКА:

1.Тиквичката изрендајте ја, посолете ја и оставете ја да се цеди 10-15 минути. Во подлабок сад помешајте го јогуртот со јајцата, па посолете и запиперете.

2.Додајте ги исцедените тиквичките, ситното сирење и лажица оцет. Промешајте, па започнете постепено да го додавате брашното помешано со прашок за печиво. Тестото треба да биде поретко, а кога ќе го црпнете со лажица лесно да паѓа.

3.Загрејте масло со длабочина 1-2 см на умерена температура. Натопете ја лажицата во врелото масло, па црпнете од смесата и пржете ги уштипците додека да заруменат од двете страни.

Вадете ги со решеткава лажица врз чинија обложена со хартиена салветка. Полијте ги со преливот. Завиткајте ги во алу-фолија 10-15 минути, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.