Овој рецепт ќе ве воодушеви, бидејќи питата не само што е брза и едноставна за приготвување, туку е многу вкусна и пред сè здрава. Ова е одличен начин да им понудите на вашите деца разновиден зеленчук, па питата можете да ја послужите за појадок, вечера, но и како главен оброк со чаша јогурт или кисело млеко. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 поголеми компири, 2 домати, 3 зелени пиперки, 2 млади кромидчиња, 4 јајца, 1 лажичка сол, 100 г фета сирење или некое друго, 1 чаша масло (од 200 мл), 1,5 чаша млеко, 3,5 чаши брашно, 2 кесички прашок за печиво. Тепсија бр.32
ПОСТАПКА: Најпрво подгответе го зеленчукот. Сите потребни намирници потребно е да бидат убаво измиени под млаз ладна вода. Компирите излупете ги, а потоа колку што можете поситно исечкјате ги на коцкички. Можете и да ги изрендате, но на овој начин питата добива поубава текстура.
Доматите можете да ги излупите, но ако не ви пречи, и не мора. Најлесно се лупат доколку претходно ги зесечете од задната страна во вид на плус, па ги ставите една минута во врела вода, а потоа да ги префрлите во сад со многу ладна вода, во која сте додале коцки мраз.
Доматите, пиперките, кромитчињата, сирењето…сите исечкјате ги ситно на коцкички, исто како и компирите претходно. По желба, секако можете да додадете и некој зеленчук по ваш избор. Потоа во еден подлабок сад скршете ги јајцата.
Изматете ги со жица-маталка, па додајте ги сиот сечкан зеленчук. Посолете, додајте го маслото, млекото и убаво промешајте. Потоа постепено започнете да го додабате брашното помешано со прашок за печиво.
Добро соединете ги состојките за да се добие изедначена смеса, без грутчиња од брашното. Тавата со пречник 32 центиметри, намастете ја убаво со путер, па излејте ја приготвената смеса и убаво израмнете (и малку протресете).
Одозгора наросете малку рендан кашкавал. Вака приготвената пита преостанува само уште да ја испечете. Ставете ја претходно загреана рерна на 200 степени и печете ја околу 30-35 минути минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.