Оваа торта е многу вкусна, едноставна и брза! Кога ќе ви се пријаде нешто слатко, ви го препорачувам овој десерт. Овошјето можете да го користите по желба, она што го сакате или што го имате дома. Еве што ви е потребно за да ја направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г плазма, 700 мл јогурт, 500 г малини, 8-10 лажици шеќер, 200 г чоколадо, 100 мл слатка павлака. Калапот можете да го одберете по ваша желба, може да биде тркалезен, четвороаголен или долгнавест правоаголен. Од величината на калапот ќе зависи и дебелината на колачот.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад искршете 300 г бисквити. Додадете 300 г мелени бисквити и 8-10 лажици шеќер, по вкус. Промешајте. Во смесата додајте 700 мл јогурт. Користете некој поквалитетен, со подобар вкус.

Промешајте со лажица. Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови. Во едниот дел додајте 500 г малини и промешајте. Во вториот дел додајте 100 г растопено чоколадо, па исто така промешајте за да се изедначи.




Во калапот обложен со проѕирна фолија, најпрво рамномерно распоредете го делот со малините и израмнете, а потоа нанесете го и чоколадниот дел. Израмнете и оставете во фрижидер да се стегне и излади 2 часа.




Потоа тортата извадете ја од калапот врз тацна за послужување, па декорирајте со чоколадна глазура, малини и мелени бисквити. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

(втор рецепт) Најдобрата торта што сум ја пробала! Веднаш ја направив и сите што ја пробаа беа воодушевени од оваа торта без печење. Со неколку бисквити и џем каков што имате дома ќе ја направите највкусната торта која не се пече. Мене многу ми се допаѓа со џем од капини, омилен ми е, а секоја торта ми ја збогатува со неговиот вкус.

ПOTРЕБНИ СОСТОЈКИ: 24 бисквити (петит-бер), 4 пудинзи од ванила, 8 лажици интегрален (кафеав) шеќер од трска или брезов, 1/3 путер од 250 г, 1.6 литар млеко, 1 ванилин шеќер, 1 тегла џем од капини, 1 лажица чоколадо во прав, 3 лажици кокос и ½ мала кесичка чоколадни трошки.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад се става млекото, а се одвојува една шолја за да се замати пудингот во прав. Во млекото се става шеќерот и ванилин шеќер, па кога тоа доволно ќе се загрее, пред да зоврие се истура разматениот пудинг со постојано матење додека да згусне.




Во врелиот пудинг се додава путерот и се промешува додека тој да се растопи. Џемот од капини сама го направив претходно како зимница, пака што капините ги проврив со џем фикс или со лажица густин. Важно е капините да се почувствуваат дека се свежи а сепак да имаат густина.




Неколку лажици пудинг се одвојуваат за одозгора и им се додава чоколадото во прав и се остава настрана. Овој чоколаден пудинг ќе го искористиме на крај. На дното од длабок огноотпорен сад или друг соодветен сад, се редат 6 бисквити. Преку нив ставете ред капини, па ред топол пудинг.




Повторно ставете ред бисквити, па капини и пудинг и сето тоа уште еднаш повторете го. Треба да имате три реда капини и три реда пудинг. Одозгора ставете четврт ред бисквити и чоколаден пудинг кој претходно го приготвивме.




Наросете со кокос и чоколадни трошки, па оставете да излади во фрижидер. После неколку часа ладење, се сече тортата на коцки и се послужува. Тортата е лесна, вкусна и добро доаѓа овие топли денови, а може да го замени и сладоледот.

Напомена: количината на шеќер можете да ја зголемите ако сакате да ви биде повеќе блага. Овошјето може да биде свежо, а може и како желе кое одлично се надополнува со пудингот. Јас имав џем од капини и затоа го искористив, а вие можете да ставите од она што вие имате.