Една едноставна и брза торта, за сите оние кои немаат време, како и за почетници. Оваа торта не може да не ви успее, толку е едноставна што и почетници можат да ја прават без страв.
Потребни состојки:
500 мл слатка павлака
700 г кисела павлака
200 г шеќер во прав
300 г мелени бисквити
250 г мелени ореви, може и лешници
100 г рендано чоколадо
200 мл млеко
150 г било кој бисквит во парче, може и плазма
Постапка:
Се мати слатката павлака, но да не биде премногу цврста. Се мати киселата павлака, па се додава слатката павлака и заедно се соединуваат. Смесата се дели на два еднакви делови. Во едниот дел се додаваат бисквити, а во вториот ореви и чоколадо.
Делот со бисквитите може да биде погуст и посув, па додадете половина од млекото и повотрно промешајте.
Во подлабока шерпа или калап 24 см, обложете со проѕирна фолија и ставете го целиот фил со ореви, израмнете, па потоа со лажица ставете го филот со бисквитите, насекаде по малку па полека израмнете. Одозгора наредете бисквити кратко натопени во преостанатото млеко.
Ставете во замрзнувач 2-3 часа, па превртете на тацна и отстранете ја фолијата. Декорирајте по желба.