Оваа брза, путер погача е идеална за секакви, а особено за свечени пригоди. Се прави многу едноставно и лесно, а се добива многу мека и воздушеста погача. Со малку фантазија и трпение ќе направите погача достојна за восхит, а една од доблестите кога станува збор за месењето, е токму трпението.
![]()
![]()
![]()
![]()

Погачата иако се приготвува брзо, сепак квасното тесто бара топлина и време за да ферментира, па со малку љубов од него подоцна ќе можете да направите сè што ќе посакате. Со оваа погача ќе бидете и повеќе од восхитени, а вашите најмили ќе побараат да им ја направите и следниот ден. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г брашно, 400-450 мл млако млеко, 2 јајца, 8 г сув квасец (1 кесичка) или 35 г свеж (1 коцка), 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер, 5 супени лажици масло, 1 супена лажица оцет (јас користев јаболков, но може и вински), 3 супени лажици кисела павлака, 50 г путер и 1 јајце за премачкување
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете малку млако млеко, додајте го квасецот, шеќерот и две лажици брашно, па добро промешајте додека да се растворат состојките, да нема грутчиња. Настрана изматете со виљушка две јајца (отстојани на собна температура) и додајте ги во квасецот.

Залејте го остатокот од топлото млеко, додајте една лажица масло, една лажица јаболкова киселина и три супени лажици кисела павлака или кисело млеко, исто така, на собна температура. Добро измешајте за да се изедначат состојките.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во течната мешавина започнете постепено да го додавате брашното и една лажичка сол. На почетокот матете со лажица додека да добиете меко, компактно тесто, а потоа замесете со рака додека да добиете меко тесто. Кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на садот, истресете го врз набрашнета површина и доработете го со наросување на малку брашно по потреба.




Тестото и натаму треба да остане меко на допир, па затоа не му додавајте брашно повеќе од потребното, туку само колку да не се лепи. оставете го во некој чист и сув сад, покријте го со кеса или фолија и крпа, па оставете го во топла просторија без провев, да ферментира 20-тина минути или додека да го удвои волуменот.

![]()
![]()
![]()
![]()

Стасаното тесто нежно премесете го колку да формирате векна, па поделете го на 11 приближно еднакви делови. Од секој дел обликувајте топче, а потоа осум од нив наредете ги во кружна тепсија (30 см) обложена со хартија за печење.

![]()
![]()
![]()
![]()

Преостанатите три топчиња тесто треба да се развлечат на набрашнета површина во тенки корички со величина на плитка чинија. Путерот растопете го, па премачкајте ја првата кора преку цела површина и поклопете со втората кора. И неа премачкјате ја, па поклопете со третата кора. Уште малку развлечете го купот од три кори, а потоа отсечете 1 см од крајот, така да добиете убав круг.

Исечете осум триаголници. На секој триаголник спојте му ги двата краја, а остриот агол малку повлечете го за да се издолжи, за да добиете облик на лист или кринов цвет. Поставете ги пред секое топче. Потоа фатете го секов врв од „листовите“ и уште малку издолжете го, па спирално свиткајте го 2-3 пати и вовлечете го под топката.


Од оној отсечениот крај направете ружичка и поставете ја во центарот на погачата. Погачата покријте ја и оставете ја да одмори 10-тина минути додека се загрева рерната на 180 степени.


Потоа премачкјате ја со едно јајце и ставете ја да се пече 45 минути. Ако забележите дека пребрзо заруменува одозгора прекријте ја со хартија. Печената погача премачкјате ја со путер за да добие сјај и оставете да се олади. Деталите погледнете ги ОВДЕ.












