Декоративна и многу фина, солена торта подготвена безброј пати, но причинува задоволствo секој пат на трпезата. Омилена е на престојните зимски слави и од едно-две парчиња речиси сите се заситуваат. Покрај богатата трпеза, оваа торта се бара и се јаде најмногу од сите јадења.




За да ја подготвите ќе ви биде потребен плех со димензии 37х23 см. Доколку користите голем плех (за поголема торта ) додајте + 1 јајце и + 1 лажица брашно за секој бисквит посебно. Се подготвуваат 3 различни бисквит кори, кои потоа се соединуваат и се премачкуваат измеѓу со крем, како торта. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЗЕЛЕН БИСКВИТ: 4 јајца, 4 супени лажици остро брашно, 1 прашок за печиво, 200 мл течен јогурт, 50 г варен и изблендиран спанаќ, 1 лажичка сол.

ЗА БЕЛ БИСКВИТ: 4 јајца, 4 супени лажици остро брашно, 1 прашок за печиво, 200 мл течен јогурт, 2 кесички (80 г) рендан пармезан, 1 лажичка сол. ЗА ЦРВЕН БИСКВИТ: 4 јајца, 4 супени лажици остро брашно, 1 прашок за печиво, 200 мл течен јогурт, 5 лажици до врв ајвар, 1 лажичка сол. Секоја бисквит кора се подготвува самостојно, а потоа се соединуваат.




ЗА ФИЛ: 60 г крем сирење (Филаделфија, АБЦ, Президент..), 30 парчиња тенко сечкана шунка, кулен, пршута или што и да сакате и имате сувомеснато. ЗА ДЕКОРАЦИЈА (опционално): рендан кашкавал (јас користев чедар).




ПОСТАПКА: За бисквитот со миксер изматете цврст снег од 4 или 5 белки, измешани со лажичка сол. Со миксер посебно убаво изматете ги жолчките и во нив додајте го јогуртот. Продолжете со мешање за да се соединат состојките, кои треба постепено да ги соединувате, во белките се додаваат жолчките.




Во зелениот бисквит додајте спанаќ, во белиот, рендан пармезан и на црвениот, ајвар. Продолжете со мешање со најмала брзина. На крајот додајте брашно измешано со прашок за печиво и сè нежно измешајте со лажица. Кога се додава брашното, смесата не се мати со миксер.




Еден плех (за секој бисквит посебно) обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата која рамномерно ја распоредивте со лажица или шпатула. Секој бисквит се пече во претходно загреана рерна на 180°C, околу 15 минути или додека тестото да почне да се одвојува од работ на тавата и бисквитот малку да порумени. Должината на печењето зависи од моќноста на рерната.




Испечениот бисквит извадете го од рерна кога малку ќе се подизлади, покријте го со чиста кујнска крпа и оставете целосно да се излади. Додека се пече зелениот бисквит, подгответе го белиот, а потоа црвениот.

Кога ќе се изладат бисквитите, можете да ги наполните со фил. Прво го ставам зелениот фил, па белиот и на крај црвениот (вие можете како сакате да си ги подредите).




Првиот бисквит тенко премачкајте го со крем сирење (јас користев Президент, но можете и АБЦ сирење или Филаделфија). Врз крем сирењето наредете ги тенко исечените парчиња сувомеснато по ваш избор и повторно тенко намачкајте го крем сирењето за вториот бисквит подобро да се залепи.




Истото повторете го и со вториот бисквит, а над третиот само намачкајте го крем сирењето. Потоа тортата се става во плех со капак и рачки за да не се исуши до следниот ден, ако тогаш ја послужувате или во наредните неколку часа.




Можете исто така да врз тортата да ставите проѕирна фолија доволно голема за да ја завиткате целата торта додека се лади во фрижидер, по можност преку ноќ. Во овој случај, ќе ја премачкате и декорирате последната кора пред послужување.

По желба, тортата може да ја декорирате со рендан кашкавал, магдонос, маслинки или што и да сакате… Најубава е доколку се стегне во фрижидер минимум 6 часа, а пред послужување се сече на коцки. / Сoolinarka.сom