Брза разлеана пита без месење и без кори…Направена на старински начин…Ова е брза пита по стар рецепт, која е мека како сунѓер. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
5 јајца
2 чаши млеко
2 чаши вода
3 лажици масло
4 чаши брашно
1/2 лажица сол
За прелив или премачкување можете да употребите 200 мл павлака за готвење, павлака или домашен кајмак, а можете да ја јадете и без никакви додатоци.
ПОСТАПКА:
Плехот 35к40 см премачкјате го со 2 лажици масло и ставете го во рерна да се загрее на 220 степени. Во подлабок сак изматете ги јајцата со жица, па додајте млеко, вода, масло и сол.
Во мешавината додајте го брашното и добро промешајте да нема грутчиња. Смесата сипете ја во плехот и печете 20-тина минути на 220 степени.
Послужете ја со фил по желба, а од неа можете да свиткате и ролат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.