Тортата се прави со посни бисквити, ореви и желе бонбони, а според вкусот не се разликува од тортите кои не се посни.
Оваа торта е погодна за некоја поголема прослава или слава, а доколку ви е потребна помала торта, тогаш намалете ги соодветно количините на потребните состојки.
Потребни состојки: 600 г посни бисквити, 300 г газиран сок (фанта, портокал или било кој), 1250 мл вода, 4 пудинг од ванила, 4 лажици густин, 10 лажици посно (соино/кокосово/оризово) млеко во прав, 250 г маргарин (посен за колачи), 300 г шеќер во прав, 300 г мелени ореви, лешници или бадеми (250 г за фил + 50 г за декорација)
Потоа: 400 г шарени желе бонбони (300 г за фил и 100 г за декорација), 300 г црно чоколадо за готвење, 400-800 г посен шлаг – во видеото се користат пакувања од 200 г кои се приготвуваат со 100 мл ладна вода (100 г со 50 мл вода)
Наместо посен шлаг можете да користите растителна слатка павлака од 500 мл е доволно. Посно млеко во прав можете да купите во сите продавници за здрава храна или поголеми маркети.
Постапка: Еден литар вода ставете во тенџере и оставете да зоврие. Во 250 мл вода ставете 10 лажици посно млеко во прав и промешајте. Потоа додадете 4 пудинзи од ванила и 4 лажици густин.
Состојките убаво промешајте ги за да нема грутчиња и потоа со постојано мешање додадете ја смесата во водата која врие. Садот тргнете го настрана, намалете ја температурата и доварете го кремот додека тој да се згусне.
Кога е готов кремот, одвојте од него нешто повеќе од една третина, и во врелиот фил додадете 300 г ситно исечкано црно чоколадо. Промешајте за да се се растопи и соедини со кремот. Додека се ладат филовите повремено промешувајте ги за да не се создаде кора.
Маргаринот (претходно омекнат на собна температура) изматете го пенасто, а потоа доматете го со шеќерот со прав.
Изладените филови (жолт и чоколаден) убаво изматете ги со миксер. Оревите сомелете ги, желе бонбоните ситно исечкајте ги. Одвојте по малку за декорација.
Една третина од изматениот маргарин додадете го во чоколадниот фил и заедно изматете ги да се соединат. Остатокот (две третини) од маргаринот додадете го во жолтиот фил и соединете го со миксање. Потоа филот од ванила поделете го на два дела.
Во половина од филот додадете 250 г ситно мелени ореви и изматете со миксер. Во втората половина додадете сечкани желе бонбони и промешајте со лажица. Сега, кога сите три фила се подготвени, може да се започне филувањето на тортата.
За првиот ред бисквити се потреби 30 парчиња претходно натопени во малку сок (вие ориентирајте се според вашиот калап). Преку првиот слој бисквити распоредете го филот со ореви и убаво израмнете.
Врз вториот слој бисквити наредете го филот со желе бонбони и убаво израмнете го, а после третиот слој бисквити распоредете го чоколадниот фил и декорирајте ја целата торта со изматен шлаг и малку сечкани желе бонбони и ореви.
Сите детали можете да ги погледнете во видеото: