Добар ден драги домаќинки и домаќини, ако сте и вие љубител на плазма тортата како мене, тогаш ќе ви откријам еден многу лесен и брз рецепт за кој нема да потрошите повеќе од 20 минути време. За овој рецепт нема потреба да печете ниту кори, ниту да го варите филот. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови кори со четири кори во пакувањето. З ФИЛ: 250 г путер или маргарин, 360 мл кисела павлака со 20% мм, 2 чаши (од 180 мл) шеќер, 300 г мелена плазма (или други кекси), 4-5 супени лажици печени лешници. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 150 мл слатка павлака (може и без глазура)
ПОСТАПКА: Путерот исечкајте го на коцки и оставете го да омекне на собна температура, па пенасто изматете го со миксер. Тргнете го путерот на страна, а во друг, посебен сад ставете ја киселата павлака која е потребно да биде со висока масленост од минимум 20 % мм.
Во киселата павлака додајте две чаши шеќер (кристален или во прав) па пенасто изматете со миксер додека шеќерот да се растопи. Кога ќе добиете мазна структура, додајте 300 г мелени плазма кекси (или некои кекси по ваш избор).
Во смесата додајте и 4 полни супени лажици крупно мелени лешници, претходно истостирани (се запржуваат во сува тава на умерен оган со постојано мешање додека убаво да замирисаат, а потоа се оставаат да се оладат, па се мелат).
Наместо лешници може да користите мелени ореви или бадеми, но бидејќи тортата се приготвува со плазма, на овој вкус совршено одговараат лешниците. Смесата изматете ја со миксер додека сите состојки се поврзат и се изедначат.
Кога ќе ја изматете смесата, започнете постепено во неа да го додавате претходно изматениот путер. Додавајте по две-три лажици, изматете, па повторно додајте уште неколку лажици, и сè така додека целосно да ги соединете во совршен мазен крем.
Врз десетна чинија или подлога за торта ставете една кора, па околу 5-6 лажици фил и премачкјате преку целата количина. Израмнете, па поклопете со нова кора. Филувајте ги корите една по една. Филот е најдобро да го поделите на три дела и да оставите уште малку за страните и одозгора.
Тортата е прекрасна и вака, па немора дополнително да ја декорирате со глазура, само наросете ја со лешници. Но, за посвечен изглед пригответе глазура од 100 г чоколадо и 150 мл слатка павлака (хопла), растопете ги на тивок оган, но не смее да зоврие.
Растопеното чоколадо ставете го специјално шише со тенок отвор или во кеса за замрзнување чиј агол ќе го потсечете, па направете украсни шари. Може да комбинирате и бело чоколадо, па да наросите лешници. Тортата е најдобро да се излади една ноќ пред послужување. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.