Рецепт: Пита со тиквички и зеленчук. Оваа пита со тиквички е совршен спој на свежи состојки и богат вкус, идеална за секој оброк во денот.
Нејзината крцкава текстура и ароматичен мирис ќе ја направат омилена на вашата трпеза.
Подгответе ја за семејството или пријателите и уживајте во едноставноста и задоволството што ги нуди овој рецепт, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап од 24-26 см)
– 3 тиквички
– 2 средно големи компири
– 1 црвен кромид
– ½ црвена пиперка
– 1 чешне лук
– 4 јајца
– 100 мл млеко
– 60 мл маслиново масло (за тестото)
– 120 г брашно
– 8 г прашок за печиво
– 1 лажичка шеќер
– Малку свеж магдонос (или сув по желба)
– Сол по вкус
– Црн пипер по вкус
– Маслиново масло (за пржење)
– НМД
ПОСТАПКА
1. Подготовка на тиквичките: Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки кругови.
Во тава на среден оган загрејте малку маслиново масло, додајте го ситно сечканиот лук и пропржете кратко. Потоа додајте ги тиквичките, посолете и зачинете со црн пипер по вкус.
Пржете околу 5 минути, мешајќи повремено, додека тиквичките малку омекнат. Тргнете од оган и оставете на страна.
2. Подготовка на компирите и останатиот зеленчук: Излупете ги компирите, измијте ги и изрендајте ги, па исцедете ги низ раце. Црвениот кромид исечете го на полумесечини, а црвената пиперка на тенки ленти.
3. Подготовка на тестото: Во длабок сад разматете ги јајцата. Додајте го млекото, маслиновото масло, сол, црн пипер и шеќерот, па добро измешајте.
Постепено додавајте го брашното помешано со прашокот за печиво, мешајќи додека добиете хомогена смеса без грутчиња. На крај, додајте ситно сечкан свеж магдонос.
4. Комбинирање на состојките: Во смесата со јајца додајте ги пропржените тиквички, компирите, кромидот и пиперката. Промешајте внимателно за да се распоредат рамномерно сите состојки.
5. Печење: Загрејте ја рерната на 180°C. Калапот (24-26 cm) намачкајте го со малку маслиново масло или обложете го со хартија за печење.
Истурете ја смесата во калапот и рамномерно распоредете ја. Печете 40-45 минути или додека питата добие златно-кафеава боја и стане цврста на допир.
6. Сервирање: Оставете ја питата малку да се излади пред сечење. Послужете ја топла или на собна температура, по желба со свежа салата или јогурт.
Совет: За уште поинтензивен вкус, можете да додадете рендено сирење или зачини како оригано во смесата пред печење.
Уживајте во овој прекрасен оброк! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=SfyOvq_y00M