Брза пита со тиквички…Ова е наједноставниот рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г тиквички
3 јајца
200 мл јогурт (течен)
100 г ситно сирење
4 полни лажици пченкарно брашно
4 полни лажици бело брашно
1 кесичка прашок за печиво
сол, црн пипер, сусам
ПОСТАПКА:
1.Тиквичката изрендајте ја, посолете ја со половина лажичка сол или по вкус, запиперете и промешајте. Веднаш додајте ги јајцата и промешајте за да се соединат.
2.Во мешавината додајте една чаша јогурт и по 4 лажици пченкарно и пченично брашно. Сипете го прашокот за печиво, па добро измешајте за да нема грутчиња. На крај додајте го ситното сирење.
3.Смесата сипете ја во тепсија со пречник 30 см, обложен со хартија за печење, одозгора посипете сусам и печете во загреана рерна на 200 степени, 35-40 минути.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.