Потребни состојки: 4 јајца, 1 чаша кисело млеко, 100 мл масло, 300 г издробено сирење, 3 шолји за бело кафе – брашно, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво и 500 г крупно сечен спанаќ/блитва (обарено кратко и исечкано)
Постапка: Изматете ги сите состојки по ред, излејте во навастен плех и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Можете едната количина брашно да ја замените со пченкарно, па питата ќе биде поровка.