БРЗА ПИТА СО СПАНАЌ ЗА 10 МИНУТИ…Без месење, само измати и испечи, многу вкусно и заситно, без месо…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица кромид, ситно сечкан
сол, црн пипер
300-500 г лист од спанаќ
За тесто:
3 јајца
1/4 чаша масло, 50 мл
1/2 чаша млеко 80 мл
1 лажичка сол
црн пипер по вкус
1/2 лажичка лук во прав
1 лажица крем сирење
150 грама брашно (1,5 чаша)
1 лажичка прашок за печиво, 8 грама
1 пакување топено сирење / триаголници
ПОСТАПКА:
1.Испржете го кромидот на малку масло додека да омекне, посолете по вкус, па додајте го исчистениот спанаќ и динстајте додека и тој да омекне.
Во посебен сад изматете ги јајцата со масло, млеко и зачини, па додајте 1 полна лажица крем сирење и изедначете.
2.Додајте брашно помешано со прашок за печиво, па мешајте со жица за да нема грутчиња. Во тестото додајте го оладениот спанаќ и промешајте. Половина од смесата распоредете во плех со средна големина, обложен со хартија и намастен со путер.
3.Одозгора распоредете сечкани парчиња топено сирење, па сипете ја втората половина од тестото и израмнете или протресете го плехот за да се израмни.
4.Ставете во ладна рерна и вклучете да се загрева на 180 степени. печете приближно половина час или додека да добие убава златна боја.
Одозгора посипете рендан кашкавал и вратете во топлата рерна уште 3-5 минути, на горен грејач. Постапката погледнете ја ОВДЕ.