БРЗА ПИТА СО СПАНАЌ…Највкусна и лесна, економична и многу вкусна, одлична за појадок, ручек или вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За фил:
500 г спанаќ
3 млади кромитчиња
по 1 рака копар и магдонос
сол и црн пипер по вкус
маслиново масло
250 г фета/ситно сирење

За тесто (се мери со чаша од 200 мл):
400 г цврст јогурт или кисела павлака
4 јајца
250 мл вода
сол и црн пипер
маслиново масло
2 и 3/4 чаши брашно

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте го исчистениот спанаќ, сечканиот млад кромид, копар и магдонос, па посолете, запиперете и залијте со малку масло (3-4 лажици).

Со рака добро промешајте и истискајте за да омекне зеленчукот. Додајте го ситното сирење и промешајте.

2.Во посебен сад измешајте јогурт и јајца, па додајте вода, 1-2 лажици масло, посолете и запиперете. Потоа постепено додајте го брашното и измешајте да нема грутчиња.

3.Половина од тестото сипете во намастен плех од рерна и распоредете. Одозгора распоредте го филот од спанаќ.

4.Во остатокот од тестото додајте малку вода (20 мл) за да се разреди и да има помала густина од долниот дел. Распоредете го врз спанаќот.

5.Ставете да се пече 1 час на 190 °C или додека да зарумени. Оставете да се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.