Home пита Брза пита со сирење, без квасец и без месење, одлична за појадок...

Брза пита со сирење, без квасец и без месење, одлична за појадок или вечера, многу вкусна и заситна…

Брза пита за појадок без квасец

Оваа пита е совршен избор за утра кога сакате да подготвите нешто вкусно и брзо за целото семејство.

Без квасец, без чекање за стасување и без комплицирано месење, со само неколку состојки ќе добиете мека, ароматична и сочна пита што ќе ги воодушеви сите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За тестото:
2 јајца
400 мл кисело млеко (2 чаши од 200 мл)
200 мл масло (1 чаша од 200 мл)
20 г сол (1 супена лажица)
550 г брашно
20 г прашок за печиво

За премачкување:
1 јајце
15 мл кисело млеко (1 супена лажица)

За фил:
300 г крем-сирење
100 г рендан кашкавал
или
250 г изронето сирење
2 јајца
НМД

За посипување:
сусам (по желба)

Постапка

1. Во сад со средна големина изматете ги јајцата со киселото млеко. Додајте го маслото и солта, па промешајте додека да се добие хомогена смеса.

2. Постепено додајте го брашното, претходно измешано со прашокот за печиво, и продолжете да мешате додека да се формира меко и мазно тесто без грутчиња.

3. Префрлете го тестото во намастен плех со путер. Со намастена рака рамномерно распоредете го тестото во плехот.

4. Во посебен сад изматете едно јајце со една супена лажица кисело млеко и премачкајте ја површината на тестото со оваа смеса.

5. За филот, измешајте го крем-сирењето со ренданиот кашкавал или, алтернативно, изронетото сирење со двете јајца.

6. Со нож направете засеци на тестото во форма на триаголници. Во вдлабнатините од засеците распределете ја смесата за фил.

7. Посипете сусам врз целата површина на питата.
8. Печете во претходно загреана рерна на 180–190 °C околу 30–35 минути или додека да добие златнокафеава боја.

9. Оставете ја питата кратко да се подизлади, исечете ја по засеците и послужете ја топла.

Оваа брза пита е идеална за семеен појадок или ужина, а нејзиниот вкус и едноставност ќе ја направат омилена на вашата трпеза. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: