Рецепт и видео презентација на Том Филос. Речиси и да нема човек кој не ја сака добрата и вкусна гибаница. Пробајте го овој рецепт на Том Филос со кој питата се приготвува за само 5 минути. Понекогаш се случува да купите кори, а кога ќе ги отворите тие да бидат веќе искршени. Искористете ги за овој рецепт. Толку едноставно, а толку вкусно.
Потребни состојки: 500 г дробено сирење, 2 јајца, сол по вкус, 50 мл масло, 180 г кисела павлака, 200 мл газирана вода и 300 г готови кори
Постапка: Во поголем сад ставете го претходно издробеното сирење. Додадете две јајца, сол по вкус, 50 мл масло, 180 г (една чаша) кисела павлака и 200 мл газирана вода.
Промешајте ја смесата за убаво да се изедначат состојките. Во добиената смеса искршете 300 г готови кори. Корите кинете ги со раце. Промешајте убаво да се натопат корите и да дојде до изедначување на состојките.
Плех со средна величина (25х18 см) намастете го со путер, па излејте ја во него приготвената смеса.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 45 минути, додека одозгора да фати убава коричка.
Печената гибаница оставете ја малку да подизлади, а потоа сечете ја и послужете ја со јогурт, кисело млеко, а убава е и така. Деталите со постапката од приготвувањето можете да ги погледнете во видеото: