Брза пита со шунка – Вкусен и едноставен рецепт
Доколку барате вкусен и брз рецепт за појадок, ручек или вечера кој ќе го воодушеви целото семејство, оваа пита со шунка е вистинскиот избор!
Комбинацијата од кремаст фил, шунка и крцкави кори е одличен избор кога станува збор за домашната кујна. Подготовката е едноставна, а резултатот е толку добар што сите ќе побараат по уште едно парче. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г тенки кори
За фил помешајте:
100 г сирење или урда
200 мл течен јогурт
1 лажица гриз
3 јајца
1/2 прашок за печиво
100 г шунка ситно сечкана + дополнителни 50 г за посипување
30 мл масло
ПОСТАПКА:
Поставете две кори една до друга, но малку да се преклопуваат. Посипете неколку лажици од филот и размачкајте преку цела површина. Посипете масло, па преклопете со други две кори.
Премачкјате ги со филот и свиткајте во долгнавест ролат. Свиткајте како баничка. Наредете ги во плех обложен со хартија.
Одозгора премачкјате ги со остатокот од филот, малку масло и посипете шунка и сусам по желба. Печете ги во загрена рерна на 180-200 степени додека да заруменат.
Споделете го вашиот резултат со нас!
Пробајте ја оваа пита денес и уживајте во совршен оброк со вашите најблиски! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: