Направете вкусна, брза пита со инстант пире и песто сос, а доколку немате песто сос, може да додадете зачин каков што сакате, босилек, оригано, ајвар, ситно сирење, кулен…Со овој рецепт не можете да погрешите.
Потребни состојки:
3 јајца
150 мл млеко
100 мл масло
4 лажици кисела павлака
1 лажичка сол
1 лажица песто сос (или по ваш вкус)
Постапка:
Кратко се матат јајцата колку да запенат, па се додава 150 мл млеко, 4 лажици кисела павлака и една полна лажица песто сос, како и 100 мл масло, една лажичка сол.
Сите овие состојки измешајте ги убаво да се соединат, па додадете брашно, инстант пире и прашок за печиво.
120 г инстант пире (околу 15 лажици)
4 лажици брашно
½ прашок за печиво (1 лажичка)
-сусам или други семки за наросување одозгора.
Откако ќе ја добиете смесата одозгора со наросува со семки по ваш избор. Се пече во помала тепсија, обложена со хартија)во загреана рерна на 200 степени, околу 20-30 минути. Оставете малку да излади, па сечете ја.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: