Брза летна пита со јогурт без сирење
Оваа вкусна и лесна пита се подготвува за само 10 минути, без сирење, со едноставни состојки и без комплицирана постапка.
Совршено мека и сочна, идеална е за појадок, ужина или вечера. Со неколку основни намирници и минимален напор, ќе добиете превкусно јадење што ќе го воодушеви секој што ќе го проба, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 7 јајца
– 1 лажичка сол
– 50 мл масло
– 14 г прашок за печиво
– 1 литар јогурт
– 500 г тенки кори за пита
– НМД
Постапка:
1. Во длабок сад, изматете ги јајцата со помош на миксер. Додајте една лажичка сол и продолжете кратко да матите.
2. Во смесата додајте 50 мл масло и 14 г прашок за печиво, па промешајте.
3. Истурете 1 литар јогурт во садот и добро измешајте ги сите состојки додека да се соединат во хомогена смеса.
4. Подгответе тркалезна тава со дијаметар од 30 см и намачкајте ја со околу две лажици масло.
5. Од пакувањето тенки кори, одвојте три до четири кори и поставете ги на дното на тавата, да се покрие дното, но и да излегуваат надвор од тавата, слично како кога се подготвува бурек.


6. Останатите кори една по една потопувајте ги во смесата со јогурт, лесно исцедете ги за да не задржат вишок течност и редете ги во тавата, создавајќи пуфкава структура.
7. Откако ќе ги наредите сите кори, поклопете ги корите што висеа навнатре и премачкјате ги со со преостанатата смеса од јогурт, рамномерно распоредувајќи ја за да не останат сувите делови. Одозгора посипете сусам по желба.
8. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 40 минути, додека питата добие убава златна боја и нарасне.
9. По печењето, оставете ја питата кратко да се излади, па исечете ја и послужете ја.
Оваа пита е лесна, воздушеста и полна со меурчиња, што ја прави вистинско уживање за сечиј вкус. Пробајте ја и споделете го вашето искуство! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:











