Побрза торта од оваа а толку многу вкусна, нема! Можете да ја приготвувате за секој ден, а можете со неа да пречекате и гости, ќе бидат воодушевени! Ова е една од оние торти со кои не можете да се задржите на едно парче..




Потребни состојки: 400 г шлаг крем од ванила, 400 мл млеко, 8 лажици шеќер, 400 г искшени биксвити, 400 мл кисела павлака, 15 – 20 крем бананчиња, 200-300 г шлаг за украсување (Декорацијата може да биде и по ваш избор)




Постапка: Шлаг кремот изматете го со млекото, па во него додадете 8 лажици шеќер. Во изматениот шлаг додајте кисела павлака, искршени бисквити и сечкани крем бананчиња, па сето тоа се меша со лажица.




Не треба да користите миксер. Целата смеса истурете ја врз чинија за сервирање и обликувајте ја тортата со раце или со шпатула. Ставете ја тортата во фрижидер да се олади, па кога малку ќе се стегне украсете ја со шлаг.




По желба можете да додадете смрзнато овошје или сечкани банани, рендано чоколадо…. по вкус. Втора варијанта: 1 пакување петит бисквити, 25 чоколадни бананчиња, 200 мл кисела павлака, 200 мл слатка павлака, 200 г шеќер во прав и шлаг за украсување




Постапка: Во поголем сад со миксер изматете ја слатката павлака, па додадете ја киселата павлака и шеќерот со прав, па убаво изедначете. Во смесата додадете кршени бисквити, пото исечкани крем бананчиња, па рачно промешајте.




Смесата истурете ја во калап обложен со проѕирна фолија или обликувајте со рака. Ако е потребно може веднаш да се послужи и да се украси со шлаг, но најдобро е доколку имате малку време да ја изладите тортата во фрижидер. Прочитајте го и вториот рецепт кој сигурно ќе ве воодушеви:




Плазма торта со крем бананчиња и јафа – едноставна, брза и вкусна. Едноставна торта со одличен вкус. Децата ја обожуваат, а ја сакаат и возрасните. Во видеото не е нагласено, но најдобро е да се остави тортата преку ноќ во фрижидер да се стегне и убаво да излади.




Потребни состојки: 125 г путер или маргарин, 50 г шеќер во прав, 300 г мелена плазма и 70 мл сок од портокал. За фил: 800 мл млеко, 3 пудинг од ванила, 4-5 лажици шеќер, 125 г путер или маргарин, 70-100 г шеќер во прав, 125 г шлаг пена, 200 г јафа кекси и 150 г крем банани. За декорација: малку чоколадо, 1 шлаг пена (40 г) по желба (колачот се приготвува во калап бр.22)




Постапка: Сварете го пудингот вообичаено: во малку млеко разматете го прашокот за пудинг, а остатокот задно со шеќерот ставете ги на оган. Кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и постојано мешајте додека да се згусне. Сварениот пудинг тргнете го на страна, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да излади.

Пригответе ја кората/основата: во посебен сад пенасто изматете 125 г омекнат путер со 50 г шеќер во прав. Потоа додајте 300 г мелена плазма и промешајте со шпатула за да се изедначи во ровка смеса. Замесете со раце, па полека додавајте го сокот од портокал додека да добиете компактна смеса.




Смесата рамномерно распоредете ја во калап бр.22 намастен со путер на дното и обрачот или обложен со хартија за печење. Убаво израмнете и пртиснете со лажицата. Во посебен сад пенасто изматете 125 г путер со 70-100 г шеќер во прав. Изладениот пудинг изматете го, па во него постепено додавајте го изматениот путер и соединете ги во мазен крем.

За декорација изматете 150 г шлаг пена според упатството на кесичката. Филот поделете го на два дела и во секој додајте по две лажици од изматената шлаг пена. Промешајте за да се соединат. Во едниот дел додајте 200 г исечкани јафа (ресани), а во другиот исечкани 8 крем бананчиња (15 г). Соединете.

торта со крем бананчиња

Редење: Врз кората распоредете го филот со јафа кексите и убаво израмнете за да нема воздушни џепови. Потоа нанесете го и вториот фил со крем банани и убаво израмнете. Најпосле премачкајте со шлаг.

Доколку сакате, откако ќе ја изладите тортата и ќе го отстраните обрачот, премачкајте ја целата торта и од страните со уште еден изматен шлаг крем. Украсете по желба. Деталите од приготвувањето можее да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

торта со крем бананчиња