Брза излеана пита со тиквички…Многу вкусно и здраво јадење…кога немате многу време…фантазија рецепт.Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

220 г рендан кашкавал
250 г тиквички (2 помали), исечени на тенки ленти (со „мандолина“ или ноже за лупење)
20 г магдонос
5 јајца
250 мл млеко
130 г суви кори „млинци“ како тортиљи (искршени со раце)
125 г моцарела или кашкавал
1.5 лажичка сол
0.5 лажичка црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Јајцата изматете ги со млеко и помешајте ги со ренданиот кашкавал, па додајте ги искршените кори, а потоа и тиквичките. Зачинете по вкус.

2.Смесата сипете ја во калап 25 см обложен со хартија за печење. Одозгора посипете моцарела и печете во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.