Home Посно јадење БРЗА И ПОСНА ИЗЛЕАНА ПИТА…Кралица на едноставните и вкусни пити (без кори)

БРЗА И ПОСНА ИЗЛЕАНА ПИТА…Кралица на едноставните и вкусни пити (без кори)

БРЗА И ПОСНА ИЗЛЕАНА ПИТА…Кралица на едноставните и вкусни пити (без кори)

Сакате пита што се прави брзо, без месење и развлекување, а сепак е сочна и крцкава?

Излеаната пита со компир е традиционален рецепт што ќе ве освои со својата едноставност и вкус што мами насмевки, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 500 г ситно исечкан исечкан компир
– 1 главица кромид (ситно исечкан)
– сол и црн пипер по вкус
– брашно по потреба (приближно 300 г)
– вода по потреба
– маргарин (за премачкување на плех, или користете хартија)
– НМД

Постапка:

Измешајте ги исечканиот компир, кромидот, солта, црниот пипер и наизменично додавајте брашно и вода додека смесата да стане густа, но течна за истурање.

Префрлете ја смесата во подмачкан плех со маргарин (или обложен со хартија).

Печете во загреана рерна на 200-250°C околу 45 минути, додека питата да добие убава златно-жолта боја.

Печењето прилагодете го според вашата рерна.

Послужете ја топла и уживајте во секој залак! Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: