Со овој метод ќе го исчистите шпоретот и тој повторно ќе стане како нов, од продавница, чист и блескав. Направете смеса од две состојки со брза и многу едноставна постапка.




Шпоретот е еден од најчесто користените димаќински апарати во кујната и нормално е некогаш нешто да ви се истури, да ви претече млеко или кафе, или да ви се испрска додека нешто готвите.




Всушност, после секое готвење шпоретот се валка, па затоа многу е важно редовно да се чисти за да не се дозволи создавање на закоравени дамки. Некогаш доволно е само да се пребрише со крпа, но некогаш потребен е и малку поголем труд и напор.




Доколку честопати имате ваков проблем, испробајте го генијалниот трик на Јелена Шарац, со кој чистењето ќе ви стане како песна, бидејќи многу е лесен и едноставен, а притоа ефикасен.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една рака сода бикарбона и еден лимон. Постапка: Во една мала чинија или тацна ставете малку сода бикарбона, а потоа лимонот пресечете го на половина.




Едната половина од лимонот добро натопете ја во сода бикарбона, но така да се нафати убаво од пpеcечената страна. Потоа со таа страна добро протријте ја плочата на зафатениот дел.




Ова направете го веднаш, додека плочата сè уште е топла. Со пресечената страна од лимонот добро поминете ги сите дамки на кои се задржала нечистотија и малку протријте.




Бидејќи плочата сè уште е топла, ќе забележите дека сокот од лимонот помешан со сода бикарбона многу брзо се суши и испарува, па повремено истиснувајте сок од лимонот. Ова секако зависи од потребите, односно колку дамката се закоравила.




Ќе слушнете шуштење на пената, а тоа е всушност процесот на чистење на маснотиите и другите нечистотии. Откако добро го натопивте шпоретот, оставете го така да отстои 20 минути.




Исцедете ја и втората половина од лимонот доколку за тоа има потреба. После изминатото време земете обична влажна крпа и само пребришете ја третираната површина.




Ќе забележите дека плочата блеска како нова. Дополнително можете да изгланцате и со сува памучна крпа за да добие на сјај. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.