Сладоледот е без јајца, брзо се приготвува и има одличен вкус.

Потребни состојки:

500 мл слатка павлака
100 г шеќер во прав
200 мл кисела павлака со 20% мм
200 г млечно чоколадо

Постапка:

Павлаката добро разладете ја во фрижидер, па потоа излејте ја во длабок сад за матење и со миксер матете додека да добиете цврст шлаг.

Додадете шеќер и кисела павлака, па кратко изматете убаво да се соедини, а шлагот да остане цврст.

Ако претерате со матење може да добиете путер!

Чоколадото растопете го на пареа, малку разладете и соединете со шлаг. Сладоледот разлејте го во длабок широк сад и ставете го во замрзнувач. Повремено промешајте убаво да замрзне по целата површина.

Од оваа смеса можете да правите сладолед по желба: овошен, рум, лешник, ванила и др. Кај нас е чоколаден зошто најмногу го сакаме.