БРЗ РУЧЕК…Вкусен е, прсти да излижеш, а се прави за неколку минути…Ебе што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
150 мл млеко
1/2 лажичка сол, лук во прав, црн пипер
2 лажици масло
150 г варен компир
4 лажици брашно
1 лажичка прашок за печиво

И уште:
кромид, зелена и црвена пиперка
сол и црн пипер, лук, оригано
150 г бело месо
2 лажици доматен сос
3 лажици неутрална течна павлака

ПОСТАПКА:

1.Во блендер ставете јајца, млеко, зачини, масли и варен компир. Изблендирајте додека да добиете изедначена смеса како течно пире. Претурете ја во друг сад и додајте брашно и прашок за печиво. Промешајте.

2.Во тава на малку масло издинстајте ситно сечкан кромид и пиперки, а потоа додајте сечкано бело месо и зачини, па продолжете со динстање на умерена температура додека да ја промени бојата.

3.Потоа додајте доматен сос и павлака, па динстајте уште кратко, додека да испари вишокот течност.

4.Во плех со средна големина обложен со хартија за печење и малку намастен сипете две третини од смесата со јајца и компир.

5.Одозгора рамномерно распоредете ја смесата од зеленчук и месо, а врз неа сипете го остатокот од тестото (првата смеса). Посипете рендан кашкавал и суво оригано по желба.

6.Печете во загреана рерна на 180 степени, приближно 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.