Потребни состојки:

3 компири

1 помала главица кромид

200 г мелено месо

18 готови кори

Малку масло

За премачкување:

1 јајце

Малку млеко

Малку маслиново масло

Црн ким/црно семе за наросување одозгора

Постапка:

Сварете го компирот и направете пире. Ситно исечканиот кромид пропржете го во масло, па додадете го и месото, па и него пропржете го. Кога месото е пржено додадете му го пире компирот и сето убаво измешајте го да се соедини.

Јајцето изматете го со малку маслиново масло и млеко.

Во една шолја за кафе ставете превиткана кора. Не треба да се премачкува. Филувајте со приготвената смеса. Кога ќе ја исполните шолјата до врв, краевите свиткајте кон внатре. На крајот премачкајте со јајцето.

Редете во плех обложен со хартија за печење. Сите убаво премачкајте ги и одозгора наросете со црн ким или црн сусам или нешто по ваш избор.