Oвој вкусен ручек од неколку состојки ќе ве воодушеви. Се подготвува за кратко време, овој рецепт е идеален за оние кои што немаат многу време и сакаат набрзина да подготват некое здраво, но вкусно јадење. Се користат малку состојки во нормална количина и сѐ што е потребно е да ги измешате состојките, да ги излеете и да испечете. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 поголеми тиквици, 2 големи компири, 3 јајца, 100 г брашно, 1 главица кромид, малку масло за пржење, 200 г печурки, 1 шолја лебни трошки и сол и црн пипер за зачинување.

ПОСТАПКА: Пресечете ги краевите на сите три тиквички. Не треба да ги лупите доколку се млади, само изрендајте ги на најкрупната страна од рендето. Ренданите тиквички ставете ги во еден подлабок сад, посолете малку, па измешајте и оставете ги настрана да отстојат 15-тина минути. За тоа време, солта ќе ги извлече течностите од нив.




Двата компири измијте ги, излупете ги, па изрендајте ги од истата страна на рендето, како тиквичките. Ставете ги ренданите компири во еден подлабок сад, прелијте ги со вода и чувајте ги така до употреба, за да не потемнат.




По изминатото време, процедете дел по дел од тиквичките, па сувата смеса ставајте ја во подлабок и чист сад. Процедете ги и ренданите компири. Соединете ги компирите и тиквичките, малку промешајте, па во смесата додајте 3 јајца. Зачинете со сол и црн пипер по вкус, па соединете добро додека јајцата да се разредат и да се формира густа и збиена смеса.




Во смесата просејте 100 г брашно и повторно измешајте. Откога ќе го додадете брашното ќе забележите дека смесата станува малку посува и погуста. Настрана исечкајте една главица излупен кромид на средни парчиња. Потоа исечкајте ги печурките на коцки. Може да користите било какви печурки по ваша желба.




Во едно тавче на рингла ставате малку масло и почекајте да се загрее. Ринглата треба да биде вклучена на ниска кон средна температура. Кога маслото ќе се загрее додајте го кромидот и пржете го додека да почне да омекнува. Тогаш додајте ги печурките и со повремено мешање гответе околу 5-7 минути. Печурките и кромидот треба да потемнат и да ја испуштат својата вкусна арома.




Потоа тргнете го тавчето од рингла и сѐ префрлете во една чинија. Земете еден огноотпорен сад и премачкајте го на дното и од страните со малку масло. Одозгора наросете лебни трошки кои треба да се залепат на маслото. Излејте ја половина од смесата од тиквички во садот и израмнете со задниот дел на лажицата.




На половина од смесата, наросете повторно со лебни трошки, малку распоредете ги, па додајте го филот од пропржен кромид и печурки. Кашкавалот исечкајте го на ситни парчиња или изрендајте го, па наредете врз израмнетиот фил од кромид и печурки. Во рецептот се користи моцарела кашкавал, но може да користите и некој друг, по ваш избор.




Врз кашкавалот, излејте ја и втората половина од смесата со тиквички, распоредете, па завршете го редењето со тенок слој од лебни трошки. Одозгора врз лебните трошки наросете уште малку масло. Вклучете ја рерната непосредно пред редење на питата, да се загрее на 180 степени.

Во загреаната рерна, печете ја питата приближно 45 минути или во зависност од рерната. Послужете ја топла, пресечена на парчиња со големина по ваша желба. Ова е еден многу вкусен ручек кој може да се замени и со месо. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.