Пржените лепчиња се еден од омилените оброци за сите возрасти, а најчесто се приготвуваат за појадок и се послужуваат со парче сирење и чаша јогурт. Доколку сакате да воведете некои промени и малку да го измените вашиот омилен оброк, тогаш пригответе необични плескавици од леб.




Вака приготвените плескавици се многу вкусни, па можеби и повкусни од обичните пржени лепчиња. Може да ги приготвувате како посебен оброк, за појадок или вечера, но може да бидат и совршена закуска или прилог на некое јадење. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 360 г леб (тост леб), 360 мл млеко, 400 г сирење, 20 г црн сусам (може и бел), 5 јајца




ПОСТАПКА: Парчињата леб (360 г) искинете ги со рака на поситни парчиња и ставете ги во некој подлабок сад. Лебот рамномерно прелијте го со 360 мл ладно млеко. Почекајте една-две минути, па со помош на виљушка испасирајте го лебот.




Кога ќе добиете кашеста смеса како пире, додајте ги сите преостанати состојки: 5 цели јајца, 400 г ситно сирење или урда и 20 г црн сусам или бел, а може и мелени семки од сончоглед и тиква или некое друго семе по вкус.




Мешајте неколку минути со лажица или шпатула додека сите состојки да се изедначат. Треба да добиете густа, мека и компактна смеса. Во нелеплива тава ставете малку масло да се загрева на умерена температура, па со лажица црпете од смесата и спуштајте во маслото.




Плескавиците од леб не треба да „пливаат“ во масло, туку да има доволно колко да не се лепат за дното. Со помош на лажицата формирајте ги плескавиците да умаат убав облик на диск.




Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат, а во текот на пржењето превртете ги неколкупати за да се испечат што порамномерно. Пржените плескавици послужете ги со јогурт или кисело млеко. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.