Ова е еден од оние рецепти кои се приготвува од многу малку состојки кои претежно сите ги имаме дома, а се добива многу вкусен колач и тоа за многу кратко време. Евтин е и брз, па секој може да го направи, дури и оние кои немаат големо искуство во кујна. Во тефтерот ми е запишан како „Apfel-Gugelhupf“.




Затоа, запишете си го рецептот и направете го при прва можност. Одозгора можете да го наросите со шеќер во прав, да го премачкате со крем или да го прелиете со чоколадна глазура. Ќе ве воодушеви. Во првиот рецепт не се содржи ниту путер ниту масло, но не го пропуштајте ниту вториот рецепт кој многумина воодушеви. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јаболка, 5 јајца, 200 г шеќер, половина кесичка прашок за печиво (5 г), 1 голема лажица џем по ваш избор, 150 г брашно, 50 г какао во прав

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г путер или маргарин, 150 г шеќер, 1 прстофат сол, 4 јајца, 250 г меко брашно, 1 лажичка прашок за печиво (5 г), 2 кисели јаболка, 100 г меки карамели бонбони, по желба шеќер во прав за наросување

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: јаболката излупете ги и исечете ги на коцкички. Може да ги испрскате со лимонов сок по желба (да не потемнуваат) и оставете ги кратко на страна. Во посебни садови одделете ги белките и жолчките.

Белките пенасто изматете со постепено додавање на шеќерот, сè додека тој да се растопи и да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе го превтите. Додека матите непрекинато додајте три лажици вода, една по една.




Потоа додајте ги жолчките, исто така, една по една, а на крај и една голема лажица џем. матете додека да добиете хомогена смеса. Просејте го брашното заедно со какаото и прашокот за печиво, па нежно со шпатула или лажица додајте го во смесата во неколку наврати.




Мешајте со бавни движења со лажица или кијнска маталка додека смесата да се изедначи, но да остане воздушеста. На крај внимателно додајте ги сечканите јаболка. Калапот добро намастете го со путер и малку наросете го со брашно.




Излејте ја смесата, израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени приближно 40 минути. Оставете го колачот 15 минути во калапот, па со помош на чинија превртете го. Наросете го со шеќер во прав или направете чоколадна глазура по ваш избор. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Брашното помешајте го со прашокот за печиво. Јаболката излупете ги, исчистете ги од семки и исечкјате ги на тенки плочки. Карамелите преполовете ги и заедно со јаболката измешајте ги во брашното.




Путерот на собна температура пенасто изматете го, додајте шеќер и сол, па матете уште малку, да добиете светла кремаста смеса. Додавајте едно по едно јајце матејќи непрекинато, сè додека да добиете хомогена смеса. На крај, полека, во два-три наврати додајте го брашното со јаболката и карамелите.




Целата смеса истурете ја во калап за куглоф или калап за леб/ролат обложен со хартија за печење (или намастен со путер и набрашнет). Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно еден час или додека колачот убаво да зарумени (најдобро да проверите со чепкалка). Печениот колач извадете го да се олади на решетка, па наросете го со шеќер во прав. / Сооlinarika.сom