Рецептот за овој колач ви го претставуваме во брз варијанта во која наместо печен бисквит редите еден или два слаја петит бисквити натопени во малку млеко и два слоја крем.
Под брзиот рецепт за кој не ви треба рерна, може да го прочитате оригиналниот рецепт од кој што е произлезен колачот наречен Монте.
РЕЦЕПТ 1
Потребни состојки:
1 литар млеко
12 лажици густин
8 лажици шеќер
200 г путер/маргарин
500 мл слатка павлакa
300 г чоколадо за готвење
петит кекси + млеко за натопување
Постапка:
На дното од обложен калап со средна величина наредете еден или два слоја петит кекси претходно малку натопени во млеко.
БЕЛ КРЕМ: одземете 200 мл млеко, па во него промешајте 12 лажици густин, 8 лажици шеќер. Остатокот од млекото (800 мл) ставете го на оган да зоврие. Постепено додадете го разматениот густин и сварете го со постојано мешање додека да згусне. Оставете да излади па соединете го со пенасто изматен путер. Прелијте го преку бисквитите.
ЦРН КРЕМ: Растопете 300 г чоколадо за готвење во 500 мл слатка павлака, внимавајте да не ви зоврие. Оставете да излади околу 2 часа, па прелијте го врз белиот крем.
РЕЦЕПТ 2
Потребни состојки:
4 жолчки
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
8 лажици брашно
2 лажици какао во прав
½ прашок за печиво
50 мл масло
50 мл млеко
4 белки (снег)
За бел крем:
1 литар млеко
12 лажици густин
6 лажици шеќер
200 г путер/маргарин
за кафеав дел:
500 мл слатка павлака
300 г чоколадо за готвење
Постапка:
Измиксајте ги белките во цврст снег, додадете шеќер и жолчки една по една, па продолжете со миксање. Додавајте ги постепено и останатите состојки. Печете во плех 30х40 см обложен со хартија, во загреана рерна на 180 степени. Печениот бисквит прелијте го со малку ладно млеко за да биде сочен и мек.
Белиот и кафеавиот крем пригответе ги на ист начин како што е претходно наведено. Колачот оставете го да се лади најдобро преку ноќ за да се стегне глазурата.
Coolinarika.com