Сите кои го испробавме овој рецепт се сложуваме околу неколку работи:
- постапката е едноставна
- колачот е многу вкусен и сочен!
Потребни состојки:
125 г путер
175 г шеќер во прав
3 јајца
175 г остро брашно
2 лажички прашок за печиво
2 лимони
50 г шеќер
Постапка:
Изматете го путерот со шеќерот во прав додека да стане пенаст, а потоа наизменично додавајте јајца и брашно во кое сте додале прашок за печиво. Во смесата додадете рендана кора и сок од еден лимон.
Калапот за колач, не преголем, туку некој помал, обложете го со хартија и излејте ја смесата и печете ја на 180 степени околу 30 минути.
Потоа со нож за компири излупете ја кората на вториот лимон, а потоа исечкајте на помали парчиња. Помешајте со 25 г шеќер и оставете на страна.
Исцедете го сокот од вториот лимон, додадете му ги преостанатите 25 г шеќер и загревајте со постојано мешање. Кога шеќерот ќе се растопи, гответе со мешање уште 2-3 минути додека да се направи сируп.
Печениот колач избоцкајте го со виљушка, наросете го со мешавината од лимонова кора и шеќер, па залијте го со сирупот.