Рецептите од старите тефтери на нашите баби и мајки се оние најубавите, најекономичните и највкусните. Брзо се приготвуваат, се излеваат и се печат. Ќе ви откриеме два одлични рецепти кои вреди да си ги запишете. Првиот рецепт од Лиле: „вкусен колач со јаболка и чоколадо“:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 80 г шеќер, 200 мл млеко, 100 мл масло, 200 г меко брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 20 г чоколадо за готвење или чоколадни трошки. И УШТЕ: 2 јаболка, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/3 лажичка цимет во прав

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 11 лажици шеќер, 1 чаша (од 200 мл) топло млеко, 1/2 чаша масло (100 мл), 15 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 кесичка ванилин шеќер, 3 поголеми јаболка (најдобро црвени, ајдаред), 5 лажици шеќер, 2 лажици гриз




ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 1: Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи и да се добие густа пенлива смеса и зголемен волумен. Додека непрекинато матите со миксерот, постепено додајте го маслото, а потоа и млекото.




Заедно просејте ги брашното и прашокот за печиво, па промешајте со лажица додека убаво да се соединат состојките (или користете миксер со најмала можна брзина). Најпосле додајте го крупно изренданото чоколадо и полека промешајте.




Калап со 30х18 см или слични димензии намастете го и наросете го со брашно, а потоа истресете го вишокот. Излејте ја приготвената смеса и израмнете. Јаболката исчистете ги и изрендајте ги.

Помешајте ги со ванилин шеќер и цимет, па рамномерно распоредете ги врз тестото. Печете во загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути. Еве ја постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 2: Пенасто изматете ги јајцата како и кај првиот рецепт, додека шеќерот да се растопи и да се зголеми волуменот и густината, па постепено додајте го маслото и млекото. Потоа додајте го ванилиниот шеќер и просеаното брашно помешано со прашок за печиво. Полека промешајте додека да се изедначи смесата.




Јаболката исчистете ги и изрендајте ги, па наросете ги со пет дупени лажици шеќер и две лажици гриз. Најдобро е да користите црвени јаболка од сортата ајдаред, бидејќи не се многу тешки кога ќе се изрендаат и не паѓаат на дното од садот.




Во намастен плех со средна величина и наросен со малку брашно, најпрво истурете повеќе од половина од тестото, па со рака растресено распоредете го рамномерно филот од јаболка, а одозгора истурете го остатокот од тестото.




Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека да зарумени. Јас пред крајот малку го прекрив со фолија за убаво да ми се испече. Го печев околу 20 минути, но тоа зависи од самиот шпорет. Секогаш го користам тестот со чепкалката. Рецепт на Мама Маки / Сооlinarila.com