Овој брз колач со јаболка, познат кај многумина под називот лења пита, е еден од оние проверени домашни рецепти што секогаш излегуваат совршено.
Подготовката е едноставна, без комплицирани чекори, а состојките се достапни и економични.
Се пече во еден плех, тестото се подготвува за неколку минути, а јаболката му даваат сочност и арома што потсетува на детството.
Идеален е за секојдневна десерт-пауза, но и како брз колач кога ќе дојдат гости, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки
(Шолји/чаши – користете иста мерка за сите состојки)
• 3 јајца
• 5 шолји шеќер
• 6 шолји брашно
• 1 прашок за печиво
• 2 шолји масло
• 1 чаша јогурт
• рендани јаболка (количина по желба)
• малку шеќер за јаболката
• НМД
И уште:
• шеќер во прав за посипување или валкање
Начин на подготовка
1. Во длабок сад изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете светла и пенеста смеса.
2. Додајте го јогуртот и маслото, па кратко промешајте додека состојките да се соединат.
3. Во посебен сад измешајте го брашното со прашокот за печиво, па постепено додајте ги во течната смеса, мешајќи додека да добиете мазна смеса без грутчиња.
4. Половина од тестото сипете ја во намастен плех и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180°C, кратко – само додека површината лесно да „фати коричка“.
5. Во меѓувреме, ренданите јаболка ставете ги во тенџере, додајте малку шеќер и кратко пропржете ги додека да омекнат и да ја пуштат својата арома.
6. Извадете го плехот од рерната, рамномерно распоредете ги јаболката врз полупеченото тесто, па прелијте со остатокот од смесата.
7. Вратете го колачот во рерна и печете додека да порумени убаво и додека чепкалката да излезе сува.
8. Откако целосно ќе се излади, исечете го колачот на коцки и посипете или валкајте го со шеќер во прав.
Корисни совети
• За поинтензивна арома, во јаболката можете да додајте малку цимет или ванила.
• Колачот е уште повкусен ако отстои неколку часа, бидејќи слоевите убаво се соединуваат.
• Наместо валкање, може само рамномерно да се посипе со шеќер во прав – побрзо и подеднакво вкусно.



































