Веројатно сите сте слушнале за овој чај, можеби некој од вас сте го порачале од интернет и сте го пиеле, но имам радосна вест за сите вас: не мора да се пие само кога здрвајето ви е екстремно загрозено, бидејќи овој чај е добар за јакнење на отпорноста на организмот и за исфрлање на отровите од него, а сега го имаме и рецептот!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лажица жалфија
500 мл вода
прстофат маточина
прстофат кантарион
прстофат нане
1 емајлиран сад за готвење на чајот
ПОСТАПКА:
Една лажица жалфија ставете во 500 мл зовриена вода и варете 3 минути.
Тргнете од оган и додадете по прстофат од останатите билки. Поклопете го садот и оставете го чајот 10 минути.
Процедете го чајот и поделете го на две еднакви половини. Едната половина испијте ја наутро пред појадок, а втората во текот на денот или пред спиење.
Чајот мора да се вари само во емајлиран сад.
Се употребува при:
-кардиоваскуларни и срцеви заболувања,
-болести на органите за варење,
-болести ка рбетниот столб,
-болести на уринарни патишта и простата,
-болести на хормонални пореметувања,
-алергии,
-дијабетес и друго.
Овој чај е главен кај малигните заболувања при спроведување на бројсова терапија.
Самиот Бројс рекол: “Чајот кој е на база на жалфија го сметам за најважен од сите други чаеви, и затоа треба да се пие цел живот. Кој го пие овој чај постојано, тешко дека некогаш ќе се разболи”. Па, вреди да се обидеме.
ЖАЛФИЈАТА содржи доста етерични масла кои се добри за испирање на грлото, но во чајот кој се пие не смее да ги има, па затоа мора да се вари 3 минути. Жалфијата е важна за сите жлезди и рбетниот мозок.
МАТОЧИНАТА ја смирува работата на срцето, ги чисти крвните садови и делува смирувачки врз нервниот систем.
КАНТАРИОНОТ ги поттикнува и ги лекува органите за варење, ги обновува клетките на црниот дроб и го јакне имуниот систем.
НАНЕТО освежува и ги елиминира гасовите од цревата, спречува подување и ги смирува желудечните тегоби.