Чајот е многу ефикасен, па можеби сте слушнале за него, а можеби некој од вас сте го пиеле затоа што е познат по неговата голема лековитост. Но, овој чај не мора да се пие само кога здрвајето е нару-шено, бидејќи е добар за јакнење на отпорноста на организмот и за исфрлање на ток-сините од него.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажица жалфија, 500 мл вода, прстофат маточина, прстофат кантарион, прстофат нане и 1 емајлиран сад за готвење на чајот. ПОСТАПКА: една лажица жалфија ставете во 500 мл зовриена вода и варете 3 минути. Тргнете од оган и додајте по прстофат од останатите билки. Поклопете го садот и оставете го чајот 10 минути.
Процедете го чајот и поделете го на две еднакви половини. Едната половина испијте ја наутро пред појадок, а втората во текот на денот или пред спиење. Чајот мора да се вари само во емајлиран сад.
Се употребува при: кардиоваскуларни и срцеви заболувања, болести на органите за варење, болести на ‘рбетниот столб, болести на уринарни патишта и простата, болести на хормонални пореметувања, алергии, дијабетес и друго.
Овој чај е главен кај мали гните заболувања при спроведување на бројсова терапија.
Самиот Бројс рекол: „Чајот кој е на база на жалфија го сметам за најважен од сите други чаеви, и затоа треба да се пие цел живот. Кој го пие овој чај постојано, теш-ко дека некогаш ќе се разболи”. Па, вреди да се обидеме.
ЖАЛФИЈАТА содржи доста етерични масла кои се добри за испи-рање на грлото, но во чајот кој се пие, не смее да ги има, па затоа мора да се вари 3 минути. Жалфијата е важна за сите жлезди и ‘рбетниот мозок.
МАТОЧИНАТА ја смирува работата на срцето, ги чисти кр-вните садови и делува смирувачки врз нервниот систем. КАНТАРИОНОТ ги поттикнува и ги лекува органите за варење, ги обновува клетките на црниот дроб и го јакне имуниот систем. НАНЕТО освежува и ги елиминира гасовите од цревата, спречува подување и ги смирува желудочните тегоби.
Бројсов чај против кашлица – многу е ефикасен и на многумина им помогнал
„Мене многу ми помогна, а и на други кои го пиеле. На почетокот се колебав бидејќи мислев дека вкусот нема да ми се допадне, но кога го пробав се изненадив. Рецептот е според Рудолф Бројс, проверен многупати“, сподели читателка за НМД.мк
Потребни состојки: 2 главици црвен кромид со величина на јајце, 1 литар вода, 100 г кафеав шеќер
Постапка: кромидот не се лупи, туку само се мие и му отсекува коренестиот дел, па се става во литар вода со шеќер да се вари (шеќерот го неутрализира вкусот и мирисот на кромидот). Кога ќе зоврие водата варете уште 15 минути. Јас го варев за себе без шеќер и кога чајот малку се смлачи додадов малку мед.
Употреба: чајот се пие млак или ладен и тоа голтка по голтка. Брзо поттикнува искашлување и престанок на кашлањето откако ќе се исчисти слузта. Се препорачува и кај бронхитис.
Бројсова терапија за лекување со сок од кој клетките на ракот изгладнуваат по 42 дена
Диететската терапија на Броjс за карцином вклучува и комплетна „диета за карцином“ односно начин за исхрана и целосен третман на ракот. Диетата за третман на карцином на Бројс е многу строга диета со овошје, зеленчук и билки во течна форма во период од 42 денa.
Бидејќи клетките на ракот имаат различен метаболизам од нормалните клетки, диетата на Бројс е дизајнирана да ги изгладне туморските клетки лишувајќи ги од какви било протеини од тврда храна. Но, оваа диета не им штети на нормалните клетки.
Книгата, која детално ја објаснува диетата на Бројс, „Лекот за рак на Бројс“ е продадена во над 900.000 примероци, преведена е на пет јазици и довела до над 45.000 сведоштва од излекувани пациенти. Книгата е напишана од Рудолф Бројс.
Диетата се заснова на 42 дена пост, но дефиницијата за „пост“ што се користи во диетата на Бројс всушност вклучува одредени видови храна, како што се свежи овошни и зеленчукови сокови, сите консумирани во течна форма.
Теоријата е дека клетките на ракот можат да преживеат само со протеини од цврста храна. Затоа, ако не консумирате ништо друго освен сок од зеленчук и овошје и чаеви во период од 42 дена, клетките на ракот ќе изгладнат додека нормалните клетки ќе продолжат нормално да напредуваат.
Лековитиот зеленчуков сок на Бројс се состои од 55% цвекло, 20% морков, 20% корен од целер, 3% жив компир, 2% ротквица.. Компирот се вклучува по избор, освен кај пациенти со карцином на црн дроб каде компирот игра важна улога.
Ако погледнете во формулата на сокови на Бројс за време на постот, ќе забележите дека практично не содржи шеќери. Бидејќи неговата диета веројатно била развиена преку обиди и грешки, интересно е што рецептот содржи точно одбран зелечнук во точно осмислен сооднос.
I Диетална терапија за карцином
Бројс нагласува дека пациентите со рак не треба да јадат и да пијат ништо друго освен сокот што тој го препорачува да го пијат 42 дена. Тој дава строги упатства за тоа како да се подготват и консумираат соковите и чаевите.
Сокот вклучува морков, целер, цвекло и компир во случај кога на пациентот му е дијагностициран карцином на црн дроб. Целиот зеленчук мора да се одгледува органски. Максималното внесување на сок е 500 мл на дневна основа.
Третман на рак според Рудолф Бројс
Се препорачува чај од жалфија, кантарион, нане, маточина да се пие по желба. Чаеви од коњско опавче, коприва, троскот може да се пијат само во првите 3 недели.
Бројс нагласува дека пациентите не треба да ја започнуваат диетата непосредно после опера-ција, треба да чекаат од 2 – 5 месеци. Забрането е користење на други третмани при користење на оваа диета.
Исто така свежиот воздух и вежбањето се задолжителни, според можностите на пациентот. Пу-шењето треба да се прекине. Тој нагласува дека пациентите не треба да бидат близу до извори на природно зрачење, да избегнуваат пестициди, освежувачи на воздухот во нивните домови..
Во својата книга тој нагласува дека луѓето кои ја започнуваат неговата терапија, никогаш повеќе не треба да јадат термички обработена храна, а исто така треба да го намалат внесувањето сол, да јадат лесна храна и да пијат околу 60 мл од неговиот сок секој ден во следните 2 – 4 недели.
Според тврдењето на Бројс, тој успешно излекувал 2.000 пациенти од 1950 година, а исто така, од 1986 година лекувал дополнителни 40 000 луѓе, кои страдале и од рак и од други неизлечиви и тешки болести.
Како доказ, тој ги има приложено писмата кои му ги испраќале излечените луѓе. Според Бројс диетата и третманите можат да бидат неуспешни само доколку пациентот строго не ги следи упатствата што ги дал самиот.
Тој советува: „Не мешајте јонизирана вода со формулата, користете природна вода. Исто така, не консумирајте вода еден час пред и после пиење чај. Како и секој друг чај, треба да се пие голтка по голтка.“
По 42 дена пост, ако симптомите на рак не исчезнале, треба да преминете на алтернативни терапии за карцином „Фаза III“ или „Фаза IV“.
Рецепт за сок
Потребни состојки: цвекло (55% сок), 1 морков (20% сок), 1 стебленце целер (20% сок), 1/2 органски компир (3% сок) (компирот не е задолжителна состојка освен за тумори на црн дроб каде што е потребно), 1 органска ротквица (2% сок).
Подготовка: Ставете ги овошките во соковникот и изблендирајте ги. Чашата сок е потребно да се испие за околу 30 минути. Ова значи дека секоја голтка се пие полека, лицето треба да се обиде да го задржи сокот во устата.
Сокот се консумира 42 дена. По 42 дена, треба да се изврши онколошки преглед и да се направат биохемиски анализи за да се утврди дали пациентот реагира добро на диетата на Бројс.
Ако го погледнете рецептот, ќе забележите дека сокот од Бројс се состои од зеленчук кој содржи малку гликоза. При составувањето на рецептот, Бројс се потпирал на теоријата дека туморските клетки се хранат со глукоза, додека на здравите клетки не им треба голема количина глукоза за нормално да ги извршуваат своите функции.
Додека го консумирате сокот во период од 42 дена, тешка храна и друга храна богата со супстанции што можат да ја забават работата на цревата од која било причина, се стро-го заб-ра-нети.
Несакани ефекти на диетата на Бројс се главоболка и замор што може да се спречат. Пред да започнете со диетата на Бројс, пациентот треба да го подготви телото за таков строг режим, со постепено ели-ми-нирање на целата храна што содржи глукоза.
Бројсова диета за слабеење
Единствената состојка во диетата на Бројс што треба да се исклучи доколку се користи за слабеење е компирот богат со јагленихидрати. Другата храна служи како еден вид лаксатив.
Цвеклото, целерот и морковот прават детоксикација на организмот со разградување на масните капки, така што тие ја поттикнуваат подвижноста на дебелото црево, обезбедуваат правилни движења на дебелото црево и поттикнуваат забрзано варење.
Диетата на Бројс за слабеење има еден недостаток, а тоа е дека луѓето честопати можат да се чувствуваат слаби или гладни затоа што оваа храна е сиромашна со состојки кои предизвикуваат ситост.
Најдобро време за спроведување на диетата на Бројс е одмор или пауза од работа, бидејќи фокусот на работата поради оваа диета ќе се намали поради честото чувство на глад.
Од друга страна, ако навистина сакате да изгубите тежина и сте зафатени, диетата на Бројс може да се комбинира со друга што не бара толку строг режим: зеленчукот сепак е одличен за детоксикација.
За разлика од сокот, чајот на Бројс има помалку контроверзен ефект бидејќи не предизвикува несакани ефекти.
Чајот прави детоксикација на организмот, го зајакнува кардиоваскуларниот систем, има одлично антиканцерогено дејство (според Бројс), ги чисти дишните патишта и им олеснува на пу-ша-чите да се откажат од пу-ше-њето.
Го потиснува појавувањето на камења во бубрезите, го зајакнува имунитетот и ги ублажува стомачните проблеми. Многу корисници на овој чај истакнаа дека чајот на Бројс им помогнал и при хормонални проблеми, проблеми со простатата и во бор-бата против алергиите. Сепак, и покрај одличното влијание врз органските системи, чајот не се препорачува за време на бременоста.
Подготовка на чај:
Ставете половина литар вода во тенџере на шпорет да зоврие. Потоа додајте 1 лажица жалфија по зовривањето. Оставете да се вари точно 3 минути. По 3 минути, тргнете го тенџерето од рингата и додајте малку нане, маточина и кантарион.
Потоа оставете го чајот да отстои 10 – 15 минути. По изминатото време процедете го чајот и префлете го во чаша. Може да пиете една чаша наутро, а една чаша навечер од овој чај.
Поради 42-дневниот пост, ќе биде потребна огромна поддршка од семејството. Ако отстапувате од вашата исхрана, дефинитивно треба да консумирате зелен чај. Консултирајте се со вашиот лекар пред спроведување на терапијата.
Проценка на терапијата: Овој протокол за терапија на карцином е оценет како САМО ефикасен кај пациенти со неодамнешна дијагноза на карцином, кои немаат рак што метастазирал.
Ако сте пациент со напреднат стадиум на рак кој прима хемотерапија или друга терапија со зрачење, опера-ција зад вас, или имате потенцијално брзо прогредирачки карцином, не користете го овој протокол.