Брауни е американски колач со многу едноставна подготовка, меѓутоа спаѓа меѓу најомилените поради неговата сочност и богат вкус. Ова е негова верзија со мак/афион според рецептот на Верица Николиќ, а потопен во крем од ванила се претвора во вистински деликатес. Уште ако додадете и некое киселкасто овошје..Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за колач: 200 г црно чоколадо за готвење, 120 г путер, 3 јајца, 200 г шеќер, четвртина мала лажичка сол, 70 г брашно, 20 г какао во прав, 80 г мелен мак (мелено семе од афион)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за крем: 1 литар млеко, 1 кесичка пудинг со вкус на ванила (40 г), 1 лажичка екстракт од ванила, 80 г шеќер, 1 јајце, 200 г бело чоколадо, 100 мл слатка павлака. И уште: бобесто овошје по желба
ПОСТАПКА за приготвување на колачот: чоколадото и путерот растопете ги на пареа или во микробранова печка, добро измешајте ги да се соединат, па оставете ги настрана малку да подизладаи смесата.
Соодветен сад за печење со големина на пречник од 26 см или помал обложете го со хартија за печење, а хартијата сосем малку намастете ја со путер, па оставете настрана. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.
Во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте го шеќерот, па пенасто изматете ги со миксер додека смесата да стане кремаста и добие светло жолта боја, а шеќерот да се растопи. Оставете го миксерот, повеќе не ви е потребен.
Додајте ја мешавината од растопено чоколадо со путер, па промешајте со кујнска жица-маталка додека да се изедначи со јајцата. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: брашното и какаото, па просеани постепено додајте ги во мешавината.
На крај додајте го мелениот мак/афион и соединете го со останатите состојки. Мешајте полека за да се сочува пенливоста на смесата, а потоа излејте ја во приготвениот калап. Ставете да се пече во загреаната рерна 20-25 минути.
Кога ќе се формира коричка, проверете со чепкалка дали е печен колачот, но брауни колачот се разликува од останатите, бидејќи е влажен. Затоа, нека не ве буни, чепкалката после проверката треба да биде малку леплива и да остане по некоја трошка од тестото. Колачот оставете го да се олади на собна температура.
ПОСТАПКА за приготвување на кремот: 850 мл млеко ставете во длабок сад, додајте го шеќерот и ставете да се загрее на умерена температура. Во друг сад растворете го пудингот со остатокот од млекото и со виљушка соединете ги состојките.
Кога ќе зоврие млекото тргнете го од оган, сипете го растворениот пудинг со непрекинато мешање со жица за матење, па веднаш додајте ја слатката павлака, како и чоколадото скршено на коцки и мешајте додека да се растопи.
Вратете го тенџерето на оган и продолжете го варењето на ниска температура додека малку да згусне и да се добие едноличен крем. На крај додајте го екстрактот од ванила. Кремот оладете го на собна температура, па ставете го во фрижидер. Послужете го колачот врз крем и посипете бобесто овошје по желба. Рецепт и фото и на Верица Николиќ.