Божиќните снегулки се омилените празнични колачи кои ги сакаат подеднакво и децата и возрасните. Доколку и вие имате набавено вакви модлички, тогаш не пропуштајте го овој рецепт на Аница Обрадовиќ Живковиќ. Под нејзиниот рецепт можете да пронајдете уште еден, како да направите и новогодишни ѕвезди за украсување на елката. Икористете ги модличките до максимум, еве како:

Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




РЕЦЕПТ 1 – КОЛАЧИ БОЖИЌНИ СНЕЖНИ СНЕГУЛКИ. Потребни состојки: 100 г путер или маргарин, 100 г шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 јајце, 1 прстофат сол, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), сок од исцеден 1 среден портокал и 300 г брашно.

Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ

ПОСТАПКА: Во еден сад ставете 100 г путер исечкан на листови и омекнат на собна температура, па додајте 100 г шеќер во прав, една кесичка ванилин шеќер и едно јајце. Изматете со лажица или со шпатула (а кој сака може да употреби и миксер), додека да се изедначи смесата.




Потоа додајте исцеден сок од еден портокал со средна величина и 300 г брашно. Замесете изедначено тесто. Тестото треба да биде меко и затоа не му додавајте уште брашно. Замесеното тесто ставете го во пластичен сад со капак, па оставете го во фрижидер да отстои еден час.

Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




По изминатото време извадете го тестото од фрижидер, па истресете го врз работна површина наросена со повеќе брашно. Наросете брашно и одозгора врз тестото. Развлечете го во кора со дебелина од 3-5 мм.

Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




Калапот секојпат набрашнувајте го, па истиснувајте ги снегулките врз плех обложен со хартија за печење. Преостанатото тесто замесете го, па повторно развлечете го го оклагија и повторете ја целата постапка додека да се потроши сето.

Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ

Снежните снегулки се печат во претходно загреана рерна на 180 степени само 8 минути. треба да се внимала бидејќи се мали да не потемнат, бидејќи треба да останат светли. Кога се печени оставете ги малку да подизладат, па наросете ги со шеќер во прав. А сега, прочитајте како да направите тесто со сода бикарбона за да изработите вакви украсни снегулки и за вашата елка:

Божиќни снежни снегулки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




РЕЦЕПТ 2. Божиќни украси за елка направени од сода бикарбона – од оваа смеса можете да правите мали уметнички дела. Потребни ви се само сода бикарбона, густин и вода. Состојките се мерат со чаша од 200 мл.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл сода бикарбона (2 чаши), 200 мл густин (1 чаша), 250 мл вода, ароматично масло и калапи за колачи




ПОСТАПКА: Сода бикарбоната измешајте ја со густинот, а потоа постепено додавајте ја водата со постојано мешање додека да се изедначи смесата. Ставете на оган полека да се загрее и да започне да се згуснува. Кога смесата ќе се згусне како мазна паста, тргнете ја од оган и оставете малку да излади.




Потоа од „тестото” развлечете кора од која со помош на калапи ќе сечете различни облици. Со некоја поголема игла правете дупчиња во фигурите за да можете подоцна да протнете конец. Вака приготвените фигури оставете ги на хартија за печење да се сушат на собна температура два дена.




Кога тие ќе бидат доволно стврднати, можете да ги боите и украсувате како што сакате, по ваша желба. Постапката со деталите од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.